Volkswagen доби пристап на камионскиот пазар во САД

volkswagen traton navistar lonestar

Traton, камионскиот холдинг на Volkswagen, склучи зделка вредна милијарди долари за да добие пристап на важниот пазар на товарни возила во САД.

Volkswagen се спогоди со американскиот производител на камиони и автобуси Navistar околу цената за преземањето. Германскиот концерн со тоа си ја отвори вратата на важниот северноамерикански пазар на товарни возила. Цената за ова проширување на понудата на компанијата изнесува 3,7 милијарди американски долари, односно 3,2 милијарди евра. Толку ќе мора да му изброи Traton на американскиот концерн.

Volkswagen повеќе години поседува удел од 16,8 проценти во акциите на Navistar, но соработката досега се сведуваше на заеднички проекти во неколку подрачја. По долгогодишно шпекулирање околу комплетното преземање, Volkswagen во јанаури ги отвори картите.

Со преземањето, Volkswagen си ја отвори вратата на важниот американски пазар и ќе го зајакне својот бизнис со тешки товарни возила, за да може да му парира на Daimler, кој е мошне силен противник на тамошниот пазар. Volkswagen со своите марки MAN, Scania и Volkswagen Caminhoes e Omnibus е силен во Европа и во Јужна Америка. Daimler, пак, откако стапи на американскиот пазар, ја презеде улогата на светски лидер меѓу камионите од тешка категорија. Од марките на Daimler, на пазарот во САД се најпознати камионите Freightliner и автобусите Thomas Built.

Најголемите инвеститори во компанијата, американскиот милијардер Карл Ајкан и Марк Рашески со својот хеџ-фонд MHR, бараа многу пари за уделот во Navistar. Во септември тие добија зголемување на понудата од 35 на 43 долари по акција, но и тоа беше недоволно. Откако Volkswagen во средата постави ултиматум до петок, работите нагло се забрзаа.

Акциите сега вредат 44,50 долари. Ајкан и Рашески ја прифатија понудата. Како резултат од тоа порасна и вредноста на акциите на Navistar и таа сега изнесува 43,56 долари.

>>> Toyota најавува камион со погон на водород за Северна Америка

 

Претходна објаваТјуниран Mercedes AMG GT со 940 КС и впрскување метанол
Следна објаваПросечната цена на нов автомобил во Германија: 37.710 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here