Досегашната директорка за дигитална технологија во Volvo Cars, Одгард Андерсон, од 1-ви ноември ја презема новата функција. Таа ќе раководи со неодамна основаната Zenseact, сопствен огранок на Volvo за автономно возење, откако прекина соработката со Veoneer.
Новата компанија во рамките на Volvo Cars, Zenseact, ќе се посвети на развој на технологија за автономно возење и софтвер за активна безбедност. Таа вработува околу 600 лица и има седиште во Гетеборг, Шведска, како и во Шангај, Кина.
Пред преземањето на функцијата на директор за дигитална технологија, Одгард Андерсон беше одговорна за развој на софтверот во Volvo Cars, вклучувајќи и автопилотирано возење. Со такво искуство, Андерсон беше совршен кандидат да го предводи натамошниот развој за компанијата Zenseact.
Автономното возење е инженерски предизвик на векот и ние се соочуваме со него
Одгард Андерсон, извршна директорка на Zenseact
првиот софтверски производ на Zenseact ќе биде технологија за следната генерација на платформата SPA 2 на Volvo Cars, во којашто ќе биде вклучен Highway Pilot, како автопилот кој ќе овозможи возење без неопходност возачот да го надгледува сообраќајот околу, при возење по автопат.
>>> Тест: Volvo XC60 D4 AWD Geartronic

















