Уште една нова погонска варијанта во гамата на Skoda Octavia. Новитетот ја носи ознаката 1.0 TSI e-TEC. Тоа е прв благ хибрид на Чесите и стандардно се испорачува со 7-степен менувач со двојна спојка. Освен во лимузинска, Skoda го нуди моделот и во комби изведба.
Новиот трицилиндарец со технологија на благ хибрид стои на располагање за лимузинската и комби изведбата на Skoda Octavia, со нивоата на опрема Ambition и Style. Вообичаено, на почетокот од продажбата се нуди специјална серија First Edition, со повеќе опрема и неколку стилскид етали, но со ценовна предност за купувачите.
Цената за Octavia Ambition во комбинација со 1,0 TSI e-TEC DSG со 110 КС во Германија изнесува 26.572 евра – тука одлично одговара споредба со цените на Порше: Кај нас верзијата без благ хибрид, со истото ниво на опрема и со мануелен менувач стартува од 17.770 евра.
Клучната улога во благиот хибриден погон ја има стартер-генераторот под напон од 48 волти, што со ремен е споен со коленастото вратило. Мала батерија од 0,6 kWh се наоѓа под совозачкото седиште и се полни единствено со енергијата што стартер-генераторот ја произведува при забавување и сопирање. Преку рихтер кој напонот го претвора во 12 волти, од оваа батерија може да се полни и акумулаторот.
Оваа енергија се користи при забрзување и поаѓање, кога стартер-генераторот кусо работи како електромотор. Тој испорачува 50 њутнметри, што се добредојдени при поаѓање. Уште една способност на благиот хибриден погон е „едрењето“ со комплетно изгаснат мотор, кога се овозможува возилото максимално да го искористи залетот. Од тоа може да се очекува заштеда од 0,4 литар бензин на стро километри.
Моторот стартува побрзо, помеко и без вибрации, а истото важи и при гаснењето. Моделтие со овој погон се препознаваат по ознаката e-TEC на задниот поклопец.
Вкупно пет погонски варијанти стојат на располагање за новата генерација на бестселерот. Покрај бензинци и дизели од новата генерација Evo, Skoda нуди верзија со приклучен хибриден погон (Octavia iV), како и изведба со погон на метан G-Tec. Кон крајот на годината, Skoda ќе понуди e-Tec изведба и на моторот 1,5 TSI со 150 КС.
>>> Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

















