BMW X3 на бензин, дизел, бензин и струја, само на струја

bmw ix3 почеток произодство

Некогаш постоеше само еден избор под хаубата, бензински мотор. Во 1983 година, Минхен го претстави 524d како свој прв модел со дизел. Во времето од BMW i наваму, спортската и премиум марка сé почесто нуди приклучен хибрид како трета опција. Сега пристига уште една, чисто електричен погон. BMW X3 моментно е достапен со сите овие погонски опции.

Во фабриката во Шенјанг, во Кина, започна производството на првиот целосно електричен BMW iX3, во заедничката компанија на BMW и Brilliance (BBA). Франц Декер, директор за технологија и производство во BBA, на свечениот чин на одбележување на стартот на производството изјави: „Денес започнуваме со производство на BMW iX3, првиот чисто електричен модел на матичната марка BMW. Со нашиот производствен систем што е специјализиран за висок квалитет гарантираме дека ги исполнуваме барањата што клиентите ги поставуваат пред премиум возило ширум светот.“

Покрај интелигентно производство и најмодерни технологии, фабриката на BBA во Шенјанг се одликува и со сеопфатен систем за контрола на квалитетот. Специјален концепт на „нула-фелер“ се грижи да се исполнат високите очекувања што пазарот ги има за електромобилноста.

BMW iX3 BMW X3 почна да вози на струја

За да се гарантира сигурност во функцкионирањето на BMW iX3, во фабриката се вршат темелни тестирања, почнувајќи од батеријата, до готово возило. За висок квалитет на високонапонската батерија во целиот животен циклус се грижат 128 различни механички тестови и 994 софтверски проверки на функционирањето. Во 140 од овие тестови, се проверува како возилото се однесува при забрзување и при посебни услови на патот. Тоа е гаранција дека BMW iX3 одговара за сите видови патишта.

BBA го произведува електричниот iX3 на иста лента со X3 со мотори со внатрешно согорување, со што се постигнува висока ефикасност и флексибилност во производството.

>>> BMW се подготвува за старт на електричниот iX3

Претходна објаваToyota најавува камион со погон на водород за Северна Америка
Следна објаваТој беше S-Class пред 90 години: Mercedes 770, Големиот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here