Volvo во септември ја зголемил продажбата за 5 проценти

Volvo во септември ја зголемил продажбата за 5 проценти

Септември донесе двоцифрено зголемување на продажбата на Volvo во Кина и во САД. Тоа се рефлектираше и врз вкупната продажба на шведската марка. Со вкупно 67.636 автомобили, Volvo во минатиот месец продал за 4,8 проценти повеќе возила на светскиот пазар.

Вкупно до септември, Volvo постигна продажба на 451.128 автомобили, што е за 11,1 проценти помалку од истиот период лани. Во услови на корона-криза, тоа е одличен резултат, особено во споредба со француските и италијанските марки, кои уште заостануваат со тресетина проценти зад ланскиот резултат.

Расте популарноста на моделските изведби со целосно електричен или приклучен хибриден погон, кои Volvo ги води под ознаката Recharge. Уделот на овие модели во вкупната продажба се зголемил двојно во споредба со првите девет месеци во 2019 година.

Во Кина се продадени 17.292 автомобили или за 15,9% повеќе отколку во септември лани. Тоа е воедно и највисока месечна продажба досега. Во деветте месеци, продажбата во Кина пораснала за 3,4 проценти во споредба со лани.

Напредува и американскиот пазар, со 10.274 автомобили во септември или за 10,2 проценти повеќе од лани. Од јануари до септември, продажбата се намалила за 4,9 проценти и достигнала вкупно 73.604 автомобили.

Европскиот пазар регистрирал 30.868 нови автомобили од Volvo, што е 0,6 процент помалку од септември лани. За девет месеци, продажбата уште е во минус, со 19,2 проценти.

Продажбата на компактниот Volvo XC40 за периодот од јануари до септември се зголемила за 27,6 проценти во споредба со истиот период лани

Најпродаван модел на Volvo во минатиот месец бил компактниот XC40, пред СУВ-моделот од средната класа XC60 и пред луксузниот XC90. Вкупно за периодот, СУВ-моделите учествуваат со 69,8 проценти во вкупната продажба на марката, што сепак е помалку во споредба со лани, кога во истиот период СУВ-моделите учествувале со 72,6 проценти.

Тест: Volvo XC60 D4 AWD Geartronic

Претходна објаваMercedes-AMG продава аеро-шампионски багажник за покрив
Следна објаваAudi A3 со приклучен хибрид минува 78 km на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here