Toyota во август со раст од 8,9 проценти на германскиот пазар

Toyota во август со раст од 8,9 проценти на германскиот пазар

Продолжува да се зголемува уделот на Toyota на германскиот автомобилски пазар. Порастот од 0,8 процентни бодови, на сегашните 2,9 проценти, обично е знак дека марката ја презема продажбата од конкуренцијата. Уделот само во сегментот на приватните продажби е уште поголем и изнесува 3,2 проценти, исклучувајќи ги продажбите на службени возила.

Традиционално добро напредува продажбата на хибридните автомобили на Toyota на најголемиот и воедно најпребирлив автомобилски пазар во Европа, германскиот пазар. Во сите моделски серии, во коишто е достапна варијанта со хибриден погон, уделот на погонот надминува 90 проценти.

Вкупно од почетокот на годината, Toyota во земјата продала 44.411 нови автомобили. Тоа е за 24 проценти помалку во споредба во споредба со првите осум месеци лани, но секако е последица од корона-кризата. Во споредба со пазарниот просек, продажбата на Toyota забележала далеку помал пад. Пазарниот удел на годишно ниво изнесува 2,5 проценти.

Новата Toyota Yaris веќе ја пишува 2021 година

toyota yaris 2021 салон скопје
Новата генерација на Toyota Yaris веќе е во салонот на Тојота Авто Центар, во сино-бела комбинација што е уште една врска со богатата јапонска традиција

 

Претходна објаваПоловина Британци ценат дека 2035 година е преблизу за преод на струја
Следна објаваBMW го избра победничкиот дизајн за тркачот M4 GT4

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here