Пазарот во Кина се враќа во нормала, Tesla Model 3 најпродаван електромобил

Tesla Model 3 poevtina izvedba

Кинескиот автомобилски пазар полека се враќа во нормала, откако земјата претрпе силен удар од пандемијата. По февруарскиот драстичен пад, негативата во март е смалена на 51%, со 60.000 продадени електрични автомобили.

Трендот на закрепнување на најголемиот пазар за автомобили и за електромобили во светот се очекува да продолжи и во следните месеци. Дури се претпоставува дека кон крајот на годината ќе почне да се бележи раст во споредба со лани.

Уделот на електричните автомобили, вклучувајќи ги плагин-хибридите, во март достигнал 5,7 проценти. Во првото тромесечие, електромобилите учествувале со 4,2 проценти во вкупниот пазар во Кина. Тоа е помалку од 5,5 проценти во истиот период лани, но станува збор за вонредни услови, кога земјата почувствува силни последици од пандемијата во почетокот од годината.

Возилата што користат само погон на струја учествуваат со 84% во вкупната продажба на електричните автомобили, остатокот им припаѓа на плагин-хибридите

На чисто електрични возила отпаѓаат 4,8 проценти, што покажува дека пазарот на возила на струја е јасно ориентиран кон „батериските“. Тие имале и помал пад во март, со -49 проценти, наспроти -58% кај плагин-хибридите.

Добар знак дека последниве имаат добри шанси да останат во игра е тоа што два од четири плагин-хибриди во Топ 20 имаат поголема батерија од конкуренцијата, а со тоа постигнуваат и со повисок досег на струја, пред да се вклучи моторот.

Прочитајте и>> Сеул дава по 13.500 евра за такси-компаниите да купат електромобил

 

Претходна објаваKia Imagine ќе стане вистински електромобил со 800V и 500 km досег
Следна објаваRenault Clio го победи Peugeot 208 на тест во Ауто Билд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here