Повеќе од половината од купувачите на Skoda Scala ја избрале опцијата на издолжено задно стакло. Кај кросоверот Kamiq, повеќе внимание се посветува на големите бандажи од 17 или 18 инчи.
Преку најпопуларните опции се покажува разликата во целните групи на компактната комбилимузина Skoda Scala и на компактниот кросовер Kamiq. Додека кај првиот модел почесто се избира опцијата за издолжено задно стакло, купувачите на популарниот кросовер сакаат да стават повеќе нагласок на големите бандажи.
Skoda направи уште еден оригинален потег, со тоа што понуди опција за задното стакло кај новата Scala да биде повеќе „извлечено“ надолу. Тоа создава посебна елеганција и изгледа благородно, и очигледно им се допадна на купувачите на „чешкиот голф“. Дури 57% од купувачите на Scala лани се решиле за оваа опција.
Висок удел и на панорамскиот покрив, дури 14% од испорачаните Skoda Scala лани ја поседувале оваа опција
Во истиот стил продолжува и изборот на затемнети задни стакла, што го направиле дури 61 проценти од возачките и возачите на овој модел. Од останатите надворешни обележја, често се избираат и куќишта на ретровизорите лакирани во црно (38%) и панорамскиот покрив (14 проценти од испорачаните примероци лани).
За затемнети задни стакла се решиле и 59% од купувачите на Kamiq лани, а нешто повеќе од половина избрале сребдени носачи за багаж на покривот. Следно што многу го обожуваат возачките и возачите на кросоверот се големи бандажи. Секој втор примерок испорачан лани имал бандажи од 17 инчи, додека дури една четвртина имале бандажи од 18 инчи.
Возачите на Scala се порационални во тој поглед и „само“ во 45 проценти од случаите доплатиле за бандажи од 16 инчи. Една третина од испораките од овој модел била со бандажи од 17 инчи, а една десетина со уште еден инч поголеми бандажи.
Делотворноста на политиката на достапни цени за дополнителната опрема се покажува и во тоа што дури 45% од купувачите на Scala возат со приспособливи диодни светла. Кај Kamiq, уделот изнесува точно половина. Повеќе од една третина од купувачите на Scala и Kamiq избрале и целосно диодни задни светла со динамични трепкачи.
Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition

















