за

Toyota има многу да каже за Денот на планетата Земја

Toyota има многу да каже за Денот на планетата Земја
Toyota има многу да каже за Денот на планетата Земја

По повод Денот на планетата Земја, од американскиот огранок на Toyota посочија неколку примери, кои ја покажуваат грижата што автомобилскиот производител ја посветува во заштитата на животната средина. Сепак станува збор за пионерот на хибридниот погон и за најголемиот промотор на погонот на водород.

Првото што имаат да го соопштат од „американската“ Toyota е дека одговорноста за животната средина за нив важи во сите четири сезони и секој ден. Заложбите на компанијата се опфатени во познатиот Предизвик за животната средина на Toyota за 2050 година, кого што компанијата го следи од 2015 година. Посебниот пристап на Toyota е посветен на повеќе различни подрачја, а меѓу нив се издвојуваат намалувањето на емисијата на СО2, сочувувањето на водните ресурси, поддршка на општество што е ориентирано кон рециклирање и заштита на биолошката разновидност.

Клучните подрачја на Toyota во Предизвикот за животната средина 2050

Јаглероден диоксид

Toyota е посветена на намалвуање на емисијата на СО2 во сите свои подрачја на дејствување, од фабрики за автомобили, до самите автомобили во возење.

Главната цел е да се понуди верзија со електромотор во погонската спрега во секој модел на Toyota и Lexus до 2025 година.

Компанијата ја смалува и емисијата во транспортот, преку проектот Zanzeff. Во соработка со Kenworth, Toyota има пуштено возен парк од 10 тешки камиони со погон на водород во јужна Калифорнија. Со чистиот погон, тие ќе ја поштедат животната средина од 453 тони СО2.

Вода

Стратегијата на сочувување на водните ресурси е посветена во подрачјата во коишто постои недостиг од вода, како во јужна Калифорнија.

Во текот на минатата година, фабриките на Toyota Motors North America рециклирале или повторно искористиле 565 милиони галони вода (2,15 милиони кубни метри вода) што е колку годишната потрошувачка на вода на 5.159 американски семејства. Во Баха Калифорнија, Мексико, кадешто исто така се заканува недостиг на вода, Toyota разви систем за рециклирање што сочувува 23 милиони галони вода секоја година.

Материјали

Едно од клучните подрачја на одржливоста е рециклирањето на материјалите. Иновациите како што е пластика врз биолошка основа – којашто целосно или делумно се добива од растенија – се користи за облогите на седиштата, додека неискористените памучни или синтетски материјали се користат за изолацијата во вратите, во подот и за патосници.

Во 2018 година, Toyota во Северна Америка рециклирала или компостирала 93% од сиот отпад, поштедувајќи ги депониите од близу 350 милиони тони отпад.

Биолошка разновидност

На 17 локации во САД и Канада, Toyota одржува градини, овозможувајќи им на пеперутките од видот монарх да се движат по својот пат на миграција. Компанијата има партнрство и со Wildlife Habitat Council (WHC) од 1999 година, како и програми за конзервација, со цел да се зачува разновидноста на билошкиот свет.

Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 1)

По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen им издаде стандарди за заштита на 40.000 добавувачи

Volkswagen им издаде стандарди за заштита на 40.000 добавувачи

Продолжено задно стакло е хит кај Skoda Scala

Продолжено задно стакло е хит кај Skoda Scala