Продажбата на групацијата на Peugeot со пад од 29 проценти

Продажбата на групацијата на Peugeot со пад од 29 проценти
Продажбата на групацијата на Peugeot со пад од 29 проценти

Групацијата PSA во првиот квартал реализирала промет од 15,179 милијарди евра, наспроти 17,976 милијарди евра во истиот период лани. Од продажбата на автомобили се реализирани 11,934 милијарди евра, што претставува намалување за 15,7 проценти.

На светскиот пазар во првото тромесечје се продадени 627.000 возила од марките Peugeot, Opel, Citroen и DS, за 29 проценти помалку од првиот квартал во 2019 година. Вкупниот лагер, вклучувајќи ги возилата кај независните дилери и увозници, до 31-ви март достигнал 715.000 возила, што е за 1.000 возила помалку во споредба со истата временска рамка лани.

Добавувачот на компоненти за автомобилската индустрија Faurecia, кој е дел од групацијата, исто така бележи негативен тренд и постигнал 3,739 милијарди евра промет.

Peugeot изгуби многу во кризата, заедно со останатите марки во групацијата. Според мартовските статистики, продажбата на носечката марка опаднала за 66,1%, додека во исто време падот во продажбата кај марките Toyota, Kia, Skoda е речиси двојно помал отколку кај Французите. Opel и Citroen исто така се во сериозен минус, двете со пад од 70,2 проценти. Во март годинава, PSA продала 68.816 возила од своите марки, наспроти 215.862 возила во истиот месец лани.

Групацијата очекува продажбата на автомобили на европскиот пазар годинава да забележи пад за 25 проценти. Наспроти тоа, пазарот за француската групација во Кина ќе се скуси за 10 проценти, односно во Русија за 20 проценти. За периодот меѓу 2019 и 2021 година, компанијата си постави цел да достигне просечна оперативна марка во автомобилскиот бизнис од најмалку 4,5 проценти.

>> Нашиот „вонреден“ преглед на продажната статистика за европскот пазар: Kia, Toyota и Skoda со најмал пад во продажбата во март

https://www.instagram.com/p/B_NUpxcnQdJ/

Претходна објаваГерманците веднаш со анкета: Кризата не го менува планот за нов автомобил
Следна објаваToyota повторно произведува во Франција

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here