Кризата што ја предизвика пандемијата сите не донесе во неизвесност: До кога ќе трае таа и што по неа? Една онлајн-берза веднаш спроведе истражување и дојде до заклучок дека луѓето што планирале да купат автомобил, ќе го сторат тоа и покрај кризата.
Повеќето купувачи не се откажуваат од своите планови за купување автомобил и покрај кризата од корона. Според истражувањето на онлајн-берзата Autoscout24, спроведено меѓу 768 приватни корисници на порталот, кризата не влијае врз планот за купување автомобил кај околу 60% од корисниците. Покрај тоа, околу 70% од испитаниците одговориле дека кризата го менува ниту издвоениот буџет за купување автомобил.
Поголема неизвесност меѓу купувалите владее околу постоечките ограничувања. Девет оид десет испитаници ценат дека им недостигаат информации за тоа, што е дозволено, а што не е дозволено во услови на кризата. Половина од учесниците во анкетата не се сигурни дали е дозволено тест-возење.
Што се однесува до купувањето автомобил, една третина сака да го одложи купувањето по корона. Повеќето анкетирани, Ковид-19 не ги разубедува од намерата да купат возило. Главнината од испитаниците, односно 58%, кажале дека остануваат на планот за купување.
Низ салоните за автомобили, виртуелно
















