General Motors доби 489 милиони американски долари за до август да испорача 30.000 респиратори за националните резерви на САД. Во меѓувреме, Tesla донираше заштитна опрема и респиратори и за тоа не доби ниту благодарност. Напротив.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна се повика на свежо донесениот акт, со кого што на компаниите, во случај на закана по безбедноста на државата, им се наложува да произведуваат во цели на одбраната. Производителот на автомобили General Motors доби таков налог и задолжен е до август да произведе 30.000 респиратори. Сега државата одвои и буџет во висина од 489 милиони американски долари, за производството на респираторите.
Респираторите се клучни во борбата против Ковид-19. Побарувачката е зголемена енормно и мора да се вклучат дополнителни капацитети. Во нормални услови, респираторите се користат за сложени операции, на пример, за таканаречени зафати на отворено срце. Поради хроничниот недостиг од апарати, овие пациенти може да чекаат и да се доведуваат во дополнителна опасност.
Како секаде во светот, во САД исто така постои неправда и погрешно осудување. Илон Маск набави медицинска опрема и им ја донираше на болниците. Во нормални услови, средината ќе го поздравуваше овој хуман чин и ќе искажуваше благодарност. Но, условите веќе одамна не се нормални и не само во САД.
Место тоа, на твитер и во неколку влијателни американски медиуми се критикува донацијата на респиратори од страна на Маск. Притоа се изнаоѓаат аргументи од типот на „тоа не се вистински респиратори“ или „тој само си прави публицитет“, па до наслови како „Илон Маск и респираторите што недостигаат“.
Државата ги брани производителите на автомобили – кои трошат гориво
Во исто време, американските медиуми масовно објавуваат за отпуштањето работници и за скусувањето на платата на вработените. Но, Tesla не е единствениот производител на автомобили што се соочува со масивни проблеми во моментов.

Целата оваа ситуација во САД јасно ја покажува спрегата меѓу политиката и индустријата. Со помагањето на производителите на автомобили, но такви автомобили што трошат гориво, тие вештачки се ставаат во предност, наспроти Tesla. Компанијата на Илон Маск е исклучена од државната помош, затоа што нејзините автомобили не трошат гориво, туку само струја. Политиката, пак, отсекогаш била таа што ја подржувала „индустријата“ на нафта. Затоа, постарите велат од искуство – државата за некого е мајка, за друг маќеа.
Tesla изработи респиратор од автомобилски делови
General Motors: Од производство на автомобили до маски за една недела
















