за

General Motors: Од производство на автомобили до маски за една недела

General Motors Од производство на автомобили до маски за една недела
General Motors Од производство на автомобили до маски за една недела

Автомобилскиот гигант за една седмица постави производствена линија за заштитни маски за лице. Првите 20.000 маски ќе бидат испорачани на 8-ми април. Со полн производствен капацитет, General Motors ќе произведува 1,5 милион маски месечно.

Една седмица му беше доволна на General Motors, во погоните од коишто излегуваат цели автомобили со висока технологија и кои исто така се произведуваат со висока технологија, да започне со производство на заштитни маски за лице. Тајмерот започнал да одбројува во 3 часот попладне, во петок на 20-ти март, кога била изработена првата маска.

Повеќе од 30 инженери, дизајнери, купувачи и членови од производствениот тим помагале во развојот на производот, во набавката на материјали и опрема, како и во планирање на производствениот процес. Првиот кадар што се ангажирал во подготовката за изработка на маски биле експертите од одделението за платно, односно експерти од GM за безбедносни ремени и за автомобилски ентериер.

Неопходните суровини биле набавени преку постоечкиот синџир од добавувачи, вклучувајќи вата, жици и ластици. Во соработка со JR Automation во Мичиген и Esys Automation во Обурн Хилс биле конструирани и изработени машините за производство на маските.

Од „чистата соба“ што го задоволува стандардот ISO-8 во Ворен била отстранета сета производствена опрема, за на нејзино место да биде поставена линија за изработка на заштитни маски

Следен чекор било целосно отстранување на машините од „чистата“ хала во фабриката на General Motors во Ворен. Станува збор за површина од околу 3.000 метри квадратни, ослободена за поставување линија за изработка на заштитни маски.

Првата готова маска ја напуштила од оваа линија во 2.30 часот попладне, во минатиот петок, на 27-ми март. До понеделник, пробно беа изработени 2.000 маски во текот на викендот. Редовното производство се очекува да стартува во текот на неделава.

Планот е 20.000 заштитни маски да се изработат до идната среда, 8-ми април. Кога ќе се постигне полн производствен капацитет, линијата дневно ќе дава по 20.000 маски. На месечно ниво, продукцијата ќе достигне 1,5 милион маски.

https://www.instagram.com/p/B-aQodrHxI4/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Octavia третпат со награда за дизајн Red Dot

Skoda Octavia третпат со награда за дизајн Red Dot

Кризата погодува 1,1 милион работни места во автомобилските фабрики

Кризата погодува 1,1 милион работни места во автомобилските фабрики