Запирањето на производството во автомобилските фабрики во Европа, поради кризата од Ковид-19, погодува 1.110.107 вработени лица во индустријата. Тука се вклучени само лицата што работат во фабриките за автомобили и стопански возила, не сметајќи ги работните места кај добавувачите.
Продукцијата во фабриките за автомобили ширум ЕУ ќе остане покуса за 1.231.038 моторни возила досега. Просечното времетраење на паузата во фабриките изнесува 16 денови. Загубите ќе продолжат да растат доколку мирувањето на погоните продолжи или доколку и другите фабрики престанат со работа.
Овие бројки се однесуваат само на 27-те членки на ЕУ, заедно со Велика Британија. Автомобилската индустрија во ЕУ брои 2,6 милиони директни вработувања, во 229 фабрики во регионот. Доколку се вклучат и работните места кај добавувачите и другите индиректни вработувања, бројката расте на 13,8 милиони лица во Европската Унија.
Неколку основни податоци околу автомобилската индустрија во ЕУ
-
- Во автомобилската индустрија работат (директно и индиректно) 13,8 милиони Европејци, што претставува 6,1% од сите вработувања во ЕУ
- Автомобилскиот сектор учествува со 11,4% во работните места во производството во ЕУ, со околу 3,5 милиони лица
- Од моторните возила се собира данок во висина од 428 милијарди евра само во ЕУ15.
- Автомобилската индустрија произведува трговски суфицит од 84,4 милијарди во ЕУ.
- Прометот што го постигнува автомобилската индустрија претставува повеќе од 7% од БДП на Европската Унија.
- Во развојот годишно се вложуваат 57,4 милијарди, автомобилскиот сектор е најголем приватен фактор во иновирањето во ЕУ, претставувајќи 28% од вкупните трошоци на ЕУ.
Колкави губитоци предизвикува кризата по одделни држави во ЕУ
Држава |
Вработени |
Пропуштена продукција |
|
Германија |
568518 |
359287 |
|
Франција |
90000 |
113200 |
|
Италија |
69382 |
78434 |
|
Шведска |
67000 |
18253 |
|
Велика Британија |
65455 |
94717 |
|
Чешка |
45000 |
83863 |
|
Словачка |
20000 |
52411 |
|
Унгарија |
30000 |
34698 |
|
Романија |
20000 |
26124 |
|
Полска |
17284 |
43521 |
|
Белгија |
14600 |
17635 |
|
Австрија |
14307 |
16289 |
|
Холандија |
13500 |
16511 |
|
Португалија |
7171 |
18117 |
|
Финска |
4500 |
11222 |
|
Словенија |
2890 |
8950 |
|
Хрватска |
500 |
– |
ВКУПНО (ЕУ + В. Брит.) |
1110107 |
1231038 |
















