за

Хо-сунг Сонг е новиот претседател на корпорацијата Kia Motors

Хо-сунг Сонг претседател Kia Motors
Хо-сунг Сонг претседател Kia Motors

Досегашниот прв координатор за светскиот пазар на Kia Motors е поставен за нов претседател на корпорацијата. Хо-сунг Сонг треба да го изведе преоѓањето на марката во ерата на електричниот погон, како и да воведе нови услуги за мобилност.

Долгогодишното искуство на Хо-сунг Сонг во сите подрачја во синџирот на автомобилското производство и продажба, како и експертизата за извозните пазари, треба да бидат клучен фактор што ќе придонесе за натамошниот напредок на марката Kia. Правецот во којшто ќе продолжи развојот на корејската марка е јасно насочен кон електричниот погон и кон новите услуги на мобилност.

Главната задача на Сонг ќе биде реализација на таканаречениот „План С“, на среднорочната стратегија што треба на марката Kia да ѝ обезбеди лидерство во иднината на автомобилската идустрија.

Пред именувањето за претседател на корпорацијата Kia Motors, Сонг раководеше со глобалните операции на компанијата, откако постигна исклучителни резултати на претходната позиција како претседател на европскиот огранок на Kia Motors.

Единаесет возила со чисто електричен погон во понудата на Kia до 2025 година

Стратегијата „План С„ на Kia Motors е јасно насочена кон замена на моторите со внатрешно согорување со електричен погон во идните моделски генерации на марката, како и унапредување на технологијата на автономно возење. До крајот на 2025 година, компанијата планира да има 11 возила со чисто електричен погон во својата понуда. Со овие модели, Kia цели да постигне удел од 6,6 проценти на светскиот пазар на електрични возила (без Кина), како и 25% од својата продажба да ја постигнува со еколошки автомобили, вклучувајќи повеќе степени на хибриден погон, од благ хибрид до приклучен хибрид.

Претседателот во заминување Хан-во Парк ќе добие советничка улога и ќе продолжи со поддршка на деловните цели на компанијата.

Клучните позиции во кариерата на Хо-сунг Сонг
  • Директор за глобални операции на Kia Motors Corporation (Извршен заменик директор)
  • Претседател на Kia Motors Europe (Постар потпретседател)
  • Директор на група за извозно планирање Kia Motors Corporation (Потпретседател)
  • Претседател на Kia Motors France (Потпретседател)

Kia XCeеd очекувано со награда за дизајн Red Dot

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кризата погодува 1,1 милион работни места во автомобилските фабрики

Кризата погодува 1,1 милион работни места во автомобилските фабрики

hyundai фабрика чешка ношовице

Фабриката на Hyundai во Чешка останува во мирување