Продолжува мирувањето на чешката фабрика на Hyundai поради пандемијата на корона. Производителот ѝ додели финансиска поддршка на чешката влада, а бесплатно дистрибуираше и 20.000 заштитни маски за жителите во регионот околу фабриката.
Фабриката на јужнокорејскиот производител Hyundai во Чешка ќе остане затворена подолго отколку што се предвидуваше првично. Датумот за продолжување со производството во оваа фабрика во источниот дел од земјата, сега е поместен за 14-ти април. Причина за одложувањето е актуелната ситуација околу вирусот корона.
Вработените и натаму ќе добиваат 70 проценти од својата просечна плата. Во фабриката во близина со границата со Полска, во којашто меѓу другото се произведува и моделот од компакт класата Hyundai i30, работат повеќе од 2.500 лица.
Чешката влада доби од автомобилската компанијата парична донација во висина од 10 милиони круни, односно околу 370.000 евра. Средствата се наменети за набавка на медицински материјал што итно е потребен. Покрај тоа, Hyundai на градовите и општините во подрачјето на фабриката бесплатно им дистрибуираше 20.000 маски за заштита со филтер за честички. Според последните информации, во Чешка се регистрирани 3.330 лица што се инфицирани со вирусот корона, а починале 32 лица.
















