за

Skoda Octavia третпат со награда за дизајн Red Dot

Skoda Octavia третпат со награда за дизајн Red Dot
Skoda Octavia третпат со награда за дизајн Red Dot

Новата генерација на Skoda Octavia ја продолжува традицијата на своите претходнички, кои во 2006 и 2017 година ја освоија ценетата награда за дизајн Red Dot.

По триумфите на моделите од претходните генерации во 2006 и 2017 година, новата Skoda Octavia повторно ги убеди 40-те светски експерти на Red Dot Award. Чешкиот производител досега 14 пати освојувал награди за своите модели на овој ценет избор во светски рамки, што годинава се одржуваше во своето 65-то издание. Врачувањето на наградите е планирано за 22-ри јуни на посебна свеченост во германскиот град Есен.

Во Skoda, на нашите клиенти им нудиме исклучителна противвредност. Тоа се покажува во просторноста на кабината и во високата практичност на нашите возила, исто како и во нивниот складен дизајн, со клучните елементи ,Crystaline’ und ,Surpising’. Одликувањето на новата Skoda Octavia со Red Dot Award е одлична потврда за работата на нашиот дизајнерски тим.

Кристијан Штрубе, директор за технички развој на Skoda

Актуелниот дизајн на Skoda се одликува со скулптурни елементи, прецизни линии и површини со јасна структура, со што се постигнува динамика и стил. Главниот нагласок го ставаат предните светгла со остри линии, кои стандардно располагаат со диодна техника за сите функции. Задните светла исто така се изведени со диодна техника.

Концептот на внатрешноста исто така е сменет. Octavia е прв модел на Skoda што поседува табла со инструменти во неколку нивоа. На тоа се надоврзуваат голем средишен дисплеј што е издвоен од таблата, и секако, квалитетни материјали. Новитет претставува и двокракиот волан, со прекинувачи што се полесни за ракување, како и со нови регулатори.

Четириесет експерти оценуваа 6.500 производи

Жирито на Red Dot Award го сочинуваат независни професори по дизајн, стручни новинари и дизајнери. Годинава тие оценуваа 6.500 проиводи, врз основа на критериумите за иновативност, квалитет, функционалност, долготрајност и подносливост за животната средина.

Skoda ја освои првата награда од Red Dot во 2006 година. Сите досега одликувани модели на чешката марка во рамките на овој избор:

SKODA OCTAVIA IV (2020)

SKODA SCALA (2019)

SKODA KAROQ (2018)

SKODA KODIAQ, SKODA OCTAVIA III COMBI (2017)

SKODA SUPERB III (2016)

SKODA FABIA III (2015)

SKODA RAPID SPACEBACK (2014)

SKODA RAPID (2013)

SKODA SUPERB II, SKODA YETI (2010)

SKODA FABIA II (2008)

SKODA ROOMSTER (2007)

SKODA OCTAVIA II COMBI (2006)

https://www.instagram.com/p/B9SNXkCHY_p/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Порше Македонија со 1.000 бонус за онлајн-купување

Порше Македонија со 1.000 бонус за онлајн-купување

General Motors Од производство на автомобили до маски за една недела

General Motors: Од производство на автомобили до маски за една недела