Во САД на неплатен одмор 32.000 автомобилски работници

tesla proizvodstvo

Околу 32.000 вработени во фабриките на јапонските автомобилски компании во САД заминуваат на неплатен принуден одмор.

Двата јапонски производители на автомобили Honda и Nissan го пратија персоналот во запрените фабрики во САД на неплатен принуден одмор и советуваат да се побара социјална помош за невработени лица. Кај Honda станува збор за 16.900 лица што се погодени од оваа одлука на компанијата, додека кај Nissan се околу десет илјади лица. Toyota им го откажа работниот ангажан на околу 5.000 вработени на одредено време, но не посегна по персоналот што е во редовен работен однос.

Мерката на скусено работно време е невообичаена за САД, за разлика од европските држави, кои ја практикуваат оваа мерка, со цел да се избегнат отпуштања во временски периоди за коишто се предвидува дека ќе траат релативно кусо време. Пред неколку денови и BMW најави дека ќе ги прати своите вработени во САД на неплатен принуден одмор. Вработените во Tesla ќе добијат пониска плата или мораат да заминат на неплатен одмор.

Во Европа и во САД моментно мируваат сите фабрики за автомобили. Во Кина, од кадешто започна да се шири пандемијата на корона и целиот развој на ситуацијата е во временска предност од неколку недели, производствените ленти веќе почнаа да се вртат. Тоа им влева надежи на менаџерите, дека мирувањето на производството во остатокот од светот ќе заврши или барем ќе се ублажат последиците. Веќе се зборува за постепено укинување на строгите ограничувања.

https://twitter.com/business/status/1248221140767645701?s=20

Продукцијата во март и април покуса за 810.000 автомобили

Претходна објаваНа струја секое десетто ново возило во Белгија во март
Следна објаваGeneral Motors со 500 мил. $ од државата, за донаторот Tesla нула

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here