за

На струја секое десетто ново возило во Белгија во март

На струја секое десетто ново возило во Белгија во март
На струја секое десетто ново возило во Белгија во март

Автомобилскиот пазар во Белгија беше во минус 48% во минатиот месец. Во исто време, продажбата на електрични и плагин хибридни возила порасна за 39 проценти. За трите први месеци од годинава, продажбата на овие возила е за 91% повисока од истиот период лани.

Електричната револуција продолжува. Автомобилската продажба е во пад, но речиси на сите пазари, возилата со обичен погон имаат поголем пад од електричните возила. На некои пазари, пак, електричните возила бележат драстичен раст.

Пример за последново е Белгија. Во минатиот месец, во земјата вкупно се продале 48% проценти помалку возила отколку во истиот месец лани. Меѓутоа, продажбата на електрични возила и плагин-хибриди, пораснала за 39 проценти. Автомобилите на струја во меѓувреме достигнаа удел од речиси десет проценти, односно прецизно 8,6%.

Белгија напредува рапидно, затоа што лани во февруари само 3% од новите возила биле на струја, вклучувајќи ги плагин-хибридите. Најпродаван модел во првото тромесечје е BMW X5 eDrive. Тој сигурно не е поим за штедлив автомобил, но сигурно е подобар од моделската изведба без плагин-хибрид. На германскиот СУВ отпаѓа една десетина од пазарот на возила со електричен погон во првиот квартал.

Mercedes A 250 e
Според информации од увозникот Макауто Стар, покрај тоа што во последниот период на македонскиот пазар расте интересот за бензинските модели на Mercedes, се зголемува и популарноста на хибридните модели, кои од неколку моделски серии веќе се изложени во салонот: Mercedes A 250 e

Веќе не е изненадување тоа што вториот најпродаван модел е Tesla Model 3. Белгијците очигледно ги обожуваат плагин-хибридите на BMW, затоа што веднаш на третото место е следниот модел од марката, BMW 330e. Со незначителен заостаток следи електро-евергринот Renault Zoe, а по него се T8-верзиите на Volvo XC40, Volvo XC60 и Volvo S/V60.

Mercedes добро се држи во трката во овој сегмент, особено кога ќе се земе предвид дека се работи за марка во чијшто имиџ е „фиксиран“ дизел-моторот. Mercedes C300e/de – вториов, патем е дизел-хибрид – следи на 9-то место, пред батерискиот Audi e-tron.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зимските гуми да се менуваат со летни или да се чека?

tesla proizvodstvo

Во САД на неплатен одмор 32.000 автомобилски работници