за

Зимските гуми да се менуваат со летни или да се чека?

Времето стоплува и ги потсеќа возачите на обврската на почетокот на новата сезона. Зимските гуми треба да се заменат со летни. Водечките сервиси ги имаат воведено неопходните заштитни мерки во корона-кризата, но замената е безусловно потребна поради едно – безбедност.

Обврската за возење со зимски гуми заврши уште одамна, но многумина возачи продолжуваат да возат со истите гуми. Една од причините за тоа е намерата да се „дотрошат“ гумите и да се поштедат летните гуми, а слична е и другата причина – некои возачи ценат дека летото ќе го минат со помалку возење и продолжувајќи да возат зо зимските гуми ќе се спасат од една замена плус.

Третата причина, сосем јасно, е кризата од пандемијата од корона, и намерата за строго почитување на препораките за изложување на непотребни контакти и обврски. Некои возачи ценат дека кризата ќе мине брзо и ја одложуваат замената за некои подобри времиња.

Без разлика за која причина станува збор, возењето со зимски гуми при топло време е опасно. Кога температурите ќе надминат седум степени целзиусови, летните гуми се супериорни над зимските.

Како што стоплува времето, смешата на зимските гуми посредува сé послаб контакт со подлогата. Поради тоа значително се продолжува патот на сопирање, но и стабилноста на возилото во свијоци е сериозно загрозена. Покрај тоа, зимските гуми се трошат прекумерно кога времето е топло.

При сопирање со зимски гуми на сув пат, од брзина од 100 километри на час, должината на патот на сопирање изнесува околу 56 метри
При сопирање со гуми за сите сезони на сув пат, од брзина од 100 километри на час, должината на патот на сопирање изнесува околу 52 метри
При сопирање со летни гуми на сув пат, од брзина од 100 километри на час, должината на патот на сопирање изнесува околу 38 метри

Дополнително мора да се земе предвид фактот што наменски изведениот профил е предвиден за летни услови на возење, во коишто спаѓа и возењето по дожд. Профилот на летните гуми истиснува многу повеќе вода од површината на патот, во споредба со зимските гуми. Тоа значи дека и опасноста од запливување (создавање воден клин под гумите, аквапланинг) се намалува, затоа што границата за оваа особено опасна ситуација се поместува при многу повисока брзина.

Што се однесува до самата сервисна работилница, водечкиот синџир во ова подрачје, Мотоцентар, на сите свои присуства на социјалните мрежи веќе објави дека се внимава особено на почитувањето на мерките за заштита. Самата процедура и во нормални услови има помалку контакти, отколку на пример при купување во супермаркет. Според тоа, кога компанијата нагласува дека неопходната заштита е обезбедена, не би требало да постои причина за менувањето на зимските гуми да се одложува.

https://www.instagram.com/p/B-EtVY4BOM3/

Во секој случај е препорачливо, пред посетата да се направи телефонски разговор и да се договори термин. Изборот на работилницата секако дека е важен. При замената на гумите обично се проверува и геометријата на подвозјето, како и состојбата на самите гуми и бандажи. Но, подеднакво е важно и тоа што кај возилата со систем за директно мерење на притисокот, сензорите мора да се проверат и да се калибрираат од ново при секоја замена на гумите.

Со зимски гуми во лето се сопира 11 метри подолго

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

skoda kamiq виртуелен кокпит

Виртуелниот кокпит и добриот звук се бараат кај Skoda Scala и Kamiq

На струја секое десетто ново возило во Белгија во март

На струја секое десетто ново возило во Белгија во март