Светлата во Lexus RX користат технологија каква што не постои во друг автомобил. Јапонците ја нарекоа оваа технологија BladeScan и не претеруваат со името. Огледало во форма на нож ротира до 6.000 пати во минута и прави патот да се осветлува подобро од кога било досега. Цели 13 години се минати во развој.
Најдобрата технологија е таа што не се чувствува дека работи. Тоа се докажа при нашиот неодамнешен тест на Lexus RX 450h од освеженото моделско годиште. Возачот може и воопшто да не биде свесен дека во светлата на луксузниот СУВ се крие генијална техника, но затоа сигурно нема да има забелешки околу осветлувањето на патот што аавтомобилот му го обезбедува ноќе.
Станува збор за технологија што Lexus ја заштити под името BladeScan. Таа е дел од автоматското долго светло и се вградува стандардно во највисокото ниво на опрема на RX, што без претерување е наречено President.
Самостојното соборување на долгото светло при возење по автопат или по регионален пат е мошне корисна функција. Кога сензорите во возилото ќе препознаат светла на возило што доаѓа отспротива или задни светла на автомобил пред себе, светлото преоѓа од долго на соборено. Тоа од една страна е комотно за возачот, затоа што го растоварува од постојаното исклучување и вклучување на долгото светло. Тоа, секако дека е добро и за безбедноста.
BladeScan го соборува светлосниот сноп само во подрачјата во кои може да се заслепат останатите учесници во сообраќајот; Со обичната техника, возачот доцна ќе го забележи велосипедистот на патот; Во Lexus RX, тој е видлив јасно
https://photos.app.goo.gl/t6WfUWa1fNDCMP7q7
На инженерите во Lexus, оваа основна функција сепак им беше недоволна. Тие сакаа да постигнат, долгото светло да остане во подрачјата во коишто не ги заслепува останатите учесници во сообраќајот, место да се соборува целиот светлосен сноп. Значи, интелигентно светло, како што и треба да биде во стилот на Lexus.
Првото што го постигнува BladeScan е пошироко подрачје на осветлување на просторот пред возилото во споредба со обичните диодни светла. Следното што се забележува е рамномерното осветлување на целиот простор, со постепено затемнување во краевите на осветлената површина. Тоа е важно, затоа што во спротивно се замараат очите, а воедно и подобро се распознаваат евентуалните оштетувања во патот, и секако линиите на патот.
Технологијата е развивана цели 13 години, заради обезбедување беспрекорна работа, а меѓу другото и за проверка дали можеби техниката им наштетува на очиге; Дури потоа следи одобрение за сериско вградување во Lexus
https://photos.app.goo.gl/VAFadWjsN9q2jL8K6
Најважната придобивка сепак е поголемата безбедност за пешаците. BladeScan овозможува возачот да забележи пешак од поголемо растојание од обично, за на тој начин да може навреме да реагира. Статистиката покажува дека голем број незгоди со пешаци се случуваат ноќе.
Начинот на дејствување на BladeScan, во основа се состои во тоа, што светлото од светлечките диоди во предното светло се насочува кон огледало во форма на нож (оттаму и името Blade). Ова огледало ротира со брзина од 6.000 вртежи во минута. Светлината што се одбива од него, понатаму минува низ леќа и оттаму се распределува врз патот. Бидејќи сето тоа се одвива со исклучително висока брзина, окото не може да забележи дека светлината се поместува и дека светлото вооошто се менува.
Постојат најразлични ситуации во коишто се покажуваат предностите на технологијата на светлата на Lexus RX
https://photos.app.goo.gl/7mWjjZu85hgYhmRs6
Реално, светлото постојано се вклучува и исклучува, во совршена синхронизација со ротирањето на огледалото. На тој начин се постигнува досега единствена контрола на распределбата на светлината. Системот може да изведе најразлични форми на осветлување на патот со долго светло, на природен начин.
Дури откако ќе го има тоа на ум, возачот почнува да забележува дека светлата со технологија BladeScan во Lexus RX навистина постигнуваат работ на патот да се гледа појасно и на подолга оддалеченост. Истото важи и за сообраќајните знаци, за евентуалните вклучувања на споредни патишта, и секако, за пешаците или целосипедистите што се движат по патот или покрај него.
Во автомобил на Lexus што чини 100.000 евра секако дека нема да се вградува секојдневна техника; Ценовната „слобода“ е предизвик за Јапонците, не е шанса за екстра добивка
https://photos.app.goo.gl/hAbLW9pZbPzN7o9c9
Мозокот на целата оваа „работа“ е во левото предно светло, таму се наоѓа контролната единица. Таа ги чита податоците што ги добива од предната камера. Станува збор за цела низа податоци, од обично детектирање возило на патот, до степен на осветленост на средината, но и податок за брзината на возилото или за аголот на свијокот. Врз основа на овие податоци се контролираат диодните светилки и осветленоста се приспособува со цел да се постигне најдобра можна распределба на светлината.
Обичните долги светла со автоматско соборување го менуваат аголот на светлосниот сноп за еден до два степени. Тоа може да предизвика треперење на светлата, што е непријатно за возачот. BladeScan е најмалку десетпати попрецизен, затоа што аголот на светлосниот сноп може да го менува во чекори од по 0,1 степен.
И покрај сета напредна технологија, работното место за возачот останува комотно и прегледно; Технологијата работи, возачот ужива во возењето
https://photos.app.goo.gl/jkvY9SH2bBXyFzM98
При извршените тестирања на конкурентските модели, Lexus измерил дека со обичните автоматски долги светла, пешак може да се распознае на далечина до 32 метри. Со BladeScan, тоа се постигнува од далечина од 56 метри.
Постојат причини, зошто технологијата во RX работи толку „мазно“. Инженерите на Lexus цели 13 години работеле на усовршување на BladeScan, во соработка со Koito Manufacturing. Низ развојот е добиена оптималната форма на нож на огледалото, којашто може да издржи постојано ротирање со 6.000 вртежи во минута. Малечкиот мотор што го ротира огледалото користи најквалитетни тркалачки лежишта.
Ја погледнавте нашата несекојдневна градска репортажа со Lexus RX 450h…
Издржливоста на техниката е проверена во тестирања што траеле над 10.000 часови. При тестирањето се проверувало и дали BladeScan влијае врз работата на системите за асистенција што користат камери, дали системот функционира беспрекорно во сите временски услови, вклучувајќи магла, снег и дожд, како и проверка дали специфичната работа на светлата може да предизвикаат оштетување на видот.
Уште еден предизвик било технологијата да се вгради во новите светла на RX, кои се впечатливо тенки. Но, очигледно дека ќе имаме уште многу работа со овој необичен автомобил.
















