Автобусот Solaris Urbino 12 hydrogen, по неодамнешното деби на саемот за јавен превоз во Стокхолм, веќе добива големи нарачки. Во јавиот превоз во германските градови Келн и Вупертал наскоро ќе почнат да сообраќаат 25 ворододни автобуси.
Десет од нарачаните 25 автобуси се наменети за Вупертал, додека останатите 15 ќе се распределат по градските линии на Келн. Првите водородни автобуси ќе бидат испорачани уште годинава, следниот контингент ќе пристигне кон крајот на 2021 година.
Модулот од горивни ќелии во Solaris Urbino 12 hydrogen располага со моќност од 70 kW. Со едно полнење ќе се минуваат до 305 километри. Во горивните ќелии се одвива процес што е обратен на електролизата, при што се произведува електрична енергија за напојување на погонскиот електромотор – конкретно во Solaris Urbino 12 hydrogen работат два електромотори со моќност од по 110 kW, коишто се интегрирани во т.н. портална оска. Добавувач на ова погонско решение е гигантот ZF. Освен мала количина водена пареа, од погонот не излегува ниту грам штетни материи.
Дополнително на модулот со горивни ќелии, во автобусите за германските градови ќе се вградува и мала батерија, како помош при потреба од дополнителна моќ
Во нарачаните водородни автобуси ќе се вградува и погонска литиум-јон батерија од околу 30 kWh, којашто ќе асистира при поголема потреба од моќ. Оваа батерија во одредени услови ќе се полни со енергијата што ја произведува водородниот погон, но таа ќе ја акумулира и енергијата што се создава при сопирање.
https://photos.app.goo.gl/Vw5kpjb4pGAUFrUk9
Водородот се чува во пет резервоари под притисок од 350 атмосфери. Вкупната зафатнина на резервоарите што се изработени од композит изнесува 1.560 литри, односно во нив се чуваат 37,5 килограми водород под притисок.
Автобусите за германските градови дополнително ќе поседуваат камери, за возачот да има увид дали во мртвите агли околу возилото има пешак или велосипедист, заради избегнување опасни сутуации.
Полскиот производител Solaris досега има добиено повеќе нарачки за автобусите што се вбројуваат меѓу најнапредните на пазарот. Два автобуси Urbino 18.75 electric се испорачани во Хамбург, и десет тролејбуси во Рига. Водородниот погон кај нив се активира во случај кога ќе се исцрпи акумулираната енергија во батеријата. Во италијанскиот Болцано исто така треба да пристигнат 12 автобуси со погон на водород во текот на 2021 година.
















