Фабриката на Lamborghini на двонеделна пауза поради корона

Lamborghini фабрика
Lamborghini фабрика

Lamborghini поради вирусот корона ја затвори својата фабрика во Сант Агата Болоњезе во времетраење од две недели.

Италијанскиот производител на спортски автомобили Lamborghini го запира производството во периодот меѓу 13-ти и 25-ти март. Причина за тоа е ширењето на пандемијата на корона, којашто во Италија речиси целосно го запре јавниот живот.

Владата како превентивна мерка нареди затворање на сите јавни објекти и продавници, со исклучок на супермаркетите. „Одлуката е мотивирана од социјалната одговорност и се темели врз високата сензибилност кон нашите соработници“, изјави шефот Стефано Доменикали.

Вирусот корона остави последици врз автомобилската бранша, исто како и во сите останати подрачја. Во Кина, од кадешто потекнува пандемијата, голем број производители не го продолжија работењето по завршувањето на прославите на кинеската Нова Година.

Претходна објаваХоландија се подготвува да забави на 100 km/h по автопат
Следна објаваВо Lexus RX само во светлата има техника колку во малечок Fiat

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here