за

Холандија се подготвува да забави на 100 km/h по автопат

брзинско ограничување 100 знак
брзинско ограничување 100 знак

Наближува датумот кога и формално ќе почне да се применува ограничувањето на брзината по автопатиштата во Холандија на 100 километри на час. Тоа е мерка против превисоката емисија на азотни оксиди.

Холандија ја започнува борбата со опасните азотни оксиди, преку воведувањето на брзинско ограничување на 100 километри на час по автопатиштата. Во четвртокот беа поставени новите сообраќајни знаци. Од следниот понеделник стапува во сила ограничувањето на темпо 100 по автопатиштата во земјата.

Агенцијата за патишта советува возачите на автомобили да внимаваат на сообраќајните знаци. Според законите, новата брзина на одредена делница почнува да важи веднаш по поставувањето на знаците.

Ограничувањето на 100 km/h не важи навечер и ноќе, меѓу 19 и 6 часот. Бидејќи во вечерно време и ноќе се дозволува повисока брзина, на повеќето сообраќајни знаци е наведено временското ограничување. Максималната дозволена брзина во тој период изнесува 130 километри на час.

Причина за строгото ограничување на брзината е превисоката емисија на азотни оксиди, којашто споредено со површината на територијата на земјата значително ги надминува дозволените вредности на ЕУ. Врховниот суд и Советот на владата на Холандија, од таа причина во 2019 година ги запреа големите градежни проекти.

Врховниот суд му понуди на премиерот Марк Руте да избира, дали ќе преземе поефикасни мерки за намалување на емисијата на азотни оксиди или ќе се откаже од градежните проекти, во коишто се вклучени илјадници нови станови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

suzuki nagrada britanija vozen park

Suzuki одликуван во британскиот избор за најдобри службени автомобили

Lamborghini фабрика

Фабриката на Lamborghini на двонеделна пауза поради корона