Toyota ја зголемила европската продажба за 6,2 проценти

Toyota RAV4 плагин хибриден погон
Toyota RAV4 плагин хибриден погон

Toyota ги објави финансиските резултати за првите девет месеци од деловната година. Тоа што не беше тешко да се претпостави: Глобалната продажба пораснала за два проценти, на 6,83 милиони возила, оперативната заработка се зголемила за близу една милијарда евра.

Автомобилската корпорација Toyota ги објави финансиските резултати за првите девет месеци од тековната деловна година (од 1-ви април 2019 до 31-ви март 2020). Продажбата на возила од април до декември 2019 се зголемила за 1,9 проценти, на 6,83 милиони возила. Во истиот период, прометот на концернот пораснал за 1,6 процент, на 188,68 милијарди евра, додека оперативната добивка се зголемила за 6,2 проценти и изнесува 17,01 милијарди евра.

Концернот за девет месеци продал 770.000 возила на европскиот пазар или за 6,2 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Соодветно пораснала и оперативната заработка на 906,6 милиони евра.

Северна Америка традиционално е голем пазар за Toyota, таму за девет месеци се продадени над 2 милиони автомобили

На домашниот пазар во Јапонија, Toyota продала 1,66 милион возила (+3,8%). Продажбата во останатиот дел од Азија се намалила за 3,1 проценти, на 1,23 милион возила, што првенствено се должи на ослабнатиот пазар во Кина. На големиот пазар за концернот, во Северна Америка, продадени се 2,11 милион возила (+1,1%). Раст од 4,0 проценти, со 1,06 милион продадени возила, постигнат е во Средна и Јужна Америка, Океанија, Африка и Блискиот Исток.

Топ 10 Најприродни ситуации за Lexus RX 450h … и 10 други

Претходна објаваPeugeot ќе продава кинески пикапи во Африка и Латинска Америка
Следна објаваGolf GTI премиерно во Женева за 45-годишнината

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here