за

Peugeot ќе продава кинески пикапи во Африка и Латинска Америка

Peugeot Landtrek
Peugeot Landtrek

Кинескиот партнер Changan ќе се најде од голема корист за пикапот на Peugeot за Африка и Латинска Америка. Како основа за Peugeot Landtrek служи кинескиот Changan Kaicene F70.

Peugeot го претстави својот нов пикап Landtrek, во категоријата на носивост до еден тон. Камионетот со кинеско потекло ќе се нуди во изведба со единечна или двојна кабина. Должината е 5,39 метри во изведба со единечна кабина, ширината изнесува 1,92 метар. Најмалото растојание од подлогата изнесува 21,4 сантиметри. Вообичаено за оваа категорија, Peugeot Landtrek е дозволено да влече приколка со тежина до 3,5 тони.

Неколку делови во кокпитот се пресемени од Peugeot 3008 (воланот) и 508 (средишниот дисплеј), во случај кога пикапот се нарачува во повисоките нивоа на опрема. Истото важи и за четирите камери, автоматскиот клима уред и системите за асистенција.

New item by Automedia MK / Google Photos

Купувачите ќе може да избираат меѓу бензински и дизел мотори, мануелен или шестстепен автоматски менувач (само со бензин). Како што е случај кај конкуренцијата, Landtrek е достапен во изведба со погон назад или со погон на сите тркала. Во вториот случај, на располагање стои и теренска редукција, како и блокада на диференцијалот на задната оска.

Peugeot Landtrek ќе стартува со продажба во Африка и Латинска Америка кон крајот на годината. Засега не се планира пикапот да се нуди на европскиот пазар.

Mitsubishi L200: Цврст како Pajero, удобен како Galant

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ласери ги мерат издувните гасови во Франкфурт

Ласери ги мерат издувните гасови во Франкфурт

Toyota RAV4 плагин хибриден погон

Toyota ја зголемила европската продажба за 6,2 проценти