Дополнително на вообичаените продажни канали, Goodyear започнува со сопствена онлајн-продажба наменета за крајни корисници. Возачките и возачите можат на интернет да го изберат саканиот модел на автомобилски гуми и да го извршат плаќањето, како и да планираат вградување на гумите кај локалниот партнер на марката.
Goodyear излегува во пресрет на сменетите навики и практики на корисниците и се ориентира на e-Commerce. Продажбата преку интернет во почетокот се одвива како пробен проект и само во Германија. Во зависност од резултатите од пилот-проектот, новата услуга подоцна ќе се воведува постепено во повеќе европски држави.
Преку посебната интернет страница може директно да се договори и термин за вградување на гумите. Според Goodyear, договорна сервисна работилница за марката е достапна на оддалеченост од помалку од 30 минути за преку половина од германските домаќинства. Друга предност е тоа што сите трошоци за гумите и за вградувањето се плаќаат онлајн и однапред, така што единствено преостанува возилото да се однесе во договореното време.
Goodyear пред четири години ја воведе платформата на e-Commerce во САД. Пилот проектот во Германија е посебно приспособен според барањата на европскиoт пазар. Како гратис следува едногодишно осигурување од оштетување на гумите од остри предмети.
















