Дамите воспоставуваат посилна емотивна врска со своите автомобили отколку што тоа го прават мажите. Една од секои седум возачки ѝ дава име на својата кола, а тоа е двапати повеќе отколку кај мажите.
Дамите развиваат посилна лична врска со своите автомобили. Петнаесет проценти од возачките му даваат име на својот автомобил, додека овој процент е повеќе од двојно помал кај мажите, односно изнесува 6 проценти. Тоа го покажа истражувањето на една осигурителна компанија во Германија. Покрај тоа, една четвртина од испитаничките во анкетата понекогаш зборуваат со автомобилот, што е двапати повеќе отколку што е случај кај мажите.
При изборот на автомобилот решаваат рационалните вредности, но затоа по купувањето почнува вистински да се создава приватна и емотивна врска со сопственото возило. Тоа посебно важи за жените. Но, не значи дека мажите негуваат чисто рационална врска со својот автомобил. Седум проценти од машките учесници во анкетата го ценат својот автомобил како статусен симбол. Тоа е случај само кај три проценти од жените.
Дамите порешителни да купат автомобил онлајн отколку мажите
Дамите и Ferrari – нераскажаната приказна во музејот во Модена
















