Поскап од Scrambler Icon Dark и распродаден за само неколку недели. Планинскиот велосипед со електрична поддршка MIG-RR, развиен во соработка со Thok и изработен во ограничена серија, буквално беше разграбан по само три недели, откако Ducati го претстави на салонот за мотоцикли во Милано. Сите 50 примероци, секој со цена од по 8.890 евра, добија сопственик.
Електричниот велосипед поседува амортизација од светскиот специјалист Öhlins, бандажи од карбон и електронски регулиран пренос со 12 степени. Компонентите од амортизацијата се дотеруваат посебно по желба на секој купувач.
Кој е расположен за електричен велосипед од … Ducati!
https://www.instagram.com/p/B5NAlG4qNE4/
https://www.instagram.com/p/B5PmZGHChTO/
















