Lotus прослави 70-годишнина со собир на 1.600 автомобили

Lotus proslava 70 godini 2

Спектакуларен настан го круниса одбележувањето на 70-годишнината на марката Lotus. На свеченоста во Хетел, во седиштето на компанијата, присуствуваа 8.000 сопственици на автомобили Lotus од цел свет и пристигнаа 1.600 автомобили од сите историски поглавја на марката

Собирите од овој вид најдобро ја прикажуваат големината на автомобилските марки. Меѓу „автомобилите“ на Lotus се појавија и формула 1 болид, Sunbeam Lotus за рели, Lotus Cortina, покрај многубројните примероци од актуелните модели Evora, Exige и Elise.

Lotus proslava 70 godini 10

Директорот Фенг Кинфенг го претстави планот за новата фабрика и за комплетното обновување на фабричкиот круг, а откри и два ексклузивни примероци од Evora GT410, во славеничката комбинација од црвена и сребрена боја.

Најголемиот собир на Lotus во 70-годишната историја на марката

Меѓу најголемите гордости на компанијата се легендарните Ф1-болиди, зад коишто стојат 13 шампионски титули, од кои седум се во конкуренција на конструктори и шест се возачки титули. Марката e запишана како победник на 81 гранпри. Од овие историски болиди, на јубилејот беа изложени Lotus 49 со легендарниот мотор DFV, конструиран од основачот Колин Чепмен и Морис Филип за сезоната 1967, потоа славниот Lotus 79 од 1978 година, кој е прв Ф1-болид со аеродинамичен под, и секако, Lotus 43 од 1966 година.

Lotus proslava 70 godini 6

Публиката ги следеше професионалните возачи како изведуваат спектакли по тркачката патека во Хетел, со Evora GT410 Sport, Exige Sport 410 или Elise Sport 220. Овој дел од програмата заврши со димни бомби во зелена и жолта боја, заштитните бои на Lotus.

Потоа дојде ред да прослават и сопствениците на автомобилите од марката. Во еден момент седумстотини автомобили се најдоа на патеката, што е историски рекорд за оваа автомобилска легенда.

[FAG id=35572]

Шестчасовна снимка од прославата

Lotus во потрага по првиот автомобил на основачот Колин Чепмен

Куса историја од 0 до 100.000-от автомобил на Lotus

Теренецот на Lotus ќе биде најлесен во сегментот

Lotus Exige Cup 430 во нелимитирано издание

Претходна објаваМерцедес доби плоштад во Берлин
Следна објаваВо оваа зграда се создава шведската електромарка Polestar

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here