Мерцедес доби плоштад во Берлин

Mercedes Platz otvoranje, Мерцедес

Повеќе од 25.000 посетители, огномет, забава и светлечко шоу на свеченото отворање на плоштадот Мерцедес во Берлин

Во неделата, на 13-ти октомври, свечено се отвори Мерцедес Плац, срцето на новиот берлински кварт покрај реката Шпре. Во рамките на свеченоста, Рамона Поп, градоначалничка на Берлин и сенаторка за економија и енергија, Брита Зегер, директорка за продажба на Мерцедес и Дан Бекерман, претседател на групацијата Аншуц, им го предадоа новиот плоштад за користење на жителките и жителите на Берлин.

Mercedes Platz otvoranje 1

Свеченоста се одржа вечерта, со светлечко шоу и водени ефекти, и секако, со задолжителниот огномет за завршетокот на свеченото пуштање во употреба на новиот плоштад со името на ценетата автомобилска марка.

Mercedes Platz otvoranje 3

Плоштадот е изграден пред прочуената Мерцедес Арена, којашто се вбројува меѓу најуспешните повеќефункционални арени во светот и има капацитет за 17.000 лица. Лани повеќе од 1,3 милион лица присуствувале на 130 спортски, музички и културни настани.

Вака изгледаше отворањето на Мерцедес Плац во Берлин

Претходна објаваБританците ценат дека Nissan Qashqai е нивниот најдобар автомобил
Следна објаваLotus прослави 70-годишнина со собир на 1.600 автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here