Баварската марка го заокружи првото полугодие и соопшти раст во продажбата во сите сегменти. Наесен следи електричниот BMW iNext, за почеток како студија, а од 2021 година како техно-револуционер
Во извештајот за првото полугодие на BMW, нема многу редови додека повторно се спомене iNext. Автомобилот когошто Баварците го најавуваат како технолошка револуција – и секако, вози на струја – ќе биде претставен на салонот во Париз наесен. Серискиот старт ќе следи во 2021 година, а производството ќе се одвива во Динголфинг.

Од пред неколку недели се знае и дека iX3, електричната изведба на BMW X3, којашто од 2020 година ќе се произведува кај кинескиот партнер Brilliance, ќе се извезува и на останатите носечки електро-пазари. Во исто време, со кинескиот Great Wall е спогодено основање заедничка компанија за производство на електричен Mini.
Компанијата именувана Sporlight Automotive Limited ќе произведува електромобили и за Great Wall. Неодамна беше потврдена и изградба на нова фабрика во Унгарија. Софтверските инженери знаат и за „фабриките на умови“ на BMW во Лисабон и Порто.
BMW е водечка премиум марка во продажбата на електрични возила
Тоа се плановите, ова е реализацијата: Во првите шест месеци, групацијата продала близу 61.000 примероци од BMW и Mini со електрифицирана погонска спрега, што значи и плагин-хибриди. Не постои друг премиум производител што моментно продава повеќе електрични возила од групацијата BMW. Планот е до крајот на годинава да се продадат повеќе од 140.000 електрични возила. Моментно BMW нуди повеќе од десет „е-модели“.

Од крајот на следната година почнува и производството на електричниот Mini во Оксфорд, една година подоцна следи iX3. До 2025 ќе дебитираат и електричниот BMW i4, како и револуционерниот iNext – тоа се само два од вкупно 25-те планирани електрични возила. Половината од нив ќе користат чисто „батериски“ погон.
Тоа што на BMW му ја овозможува оваа моќ на пазарот, сепак се класичните модели, а тие и натаму се продаваат одлично. До јуни се продадоа 1.242.507 примероци од BMW, Mini и Rolls-Royce. Тоа е за 1,8 процент повеќе од истиот период лани.
BMW расте веќе 35 квартали едно по друго
Продажбите ќе забележат поголем пораст во втората половина, откако ќе заврши процедурата на префрлување на новите норми за потрошувачка и емисија WLTP. Досега околу 190 моделски изведби имаат добиено одобрение за регистрација според Euro 6d-Temp.
Од матичната марка BMW, за шест месеци се продадоа 1.059.296 примероци (+2,0%). Најголем пораст имаат серијата 1 (98.396 возила, +7,2%), BMW X1 (152.866, +11,8%) и серијата 5 со 191.185 примероци и раст од дури 14,9 проценти. Петката моментно е најпродавана во сегментот на бизнис-лимузините. Напредува и X3, со +24,5% и вкупно 17.584 примероци.

Mini постигна 181.430 продажби (+0,1%), што најмногу е заслуга на Contruman со 48.692 примероци и раст од 39,8 проценти. Rolls-Royce уште пред Cullinan има супер-резултати, со 1.781 возило или за 13,1 проценти повеќе од првото полугодие лани.
Резулатите по региони, за сите марки од групацијата BMW:
Европа: 562.102 примероци (+1,2%)
Америка: 226.061 примероци (+3,9%)
· САД (176.570 / +2,8%)
Азија: 423.890 примероци (+1,9%)
· Кина (300.153 / +2,2%)
Луксуз е да возиш хибриден BMW што заштедува 1000 евра годишно
















