Калифорнискиот производител на електрични автомобили Tesla веќе одамна се вбројува меѓу етаблираните „производители“ на вести од автомобилската сцена. Додека уште постои неизвесност дали Tesla конечно ќе ја достигне планираната продукција за Model 3, инаку автомобил на когошто чекаат повеќе од 400.000 клиенти, фирмата на Илон Маск има најавено уште „мал милион“ нови проекти.
Веќе се спомнуваат детали за Model Y, а на ред чекаат и електричните камиони и спектакуларното ново издание на Tesla Roadster, којшто ќе ги остави во сенка сите супер и хиперспортски автомобили на денешницата. Компанијата на мултимилијардерот објави видео во коешто се гледа дека сé се одбива мазно во производствените и развојните хали.
Во кокпитот на Tesla Roadster повеќе нема што да се одземе
На момент се забележува и внатрешноста на идниот Roadster. А, таа буквално остава без збор – нема за што да се коментира. Освен волан, класичниот таблет во средина и мини-дисплеите под ветробранот, друго нема во идниот суперспортски автомобил на струја. Тука нема што повеќе да се одземе.
Model 3 веќе напредуваше далеку со минимализмот, но Roadster продолжува во суб-минимализам. Tesla претходно објави неколку фотографии на коишто можеше само да се насети „редукцијата на минимум“, но сега за првпат се покажува како изгледа целиот кокпит од гледиште на возачот.
Во меѓувреме и германскиот магазин Ауто Билд го тестираше Tesla Model 3, со вообичаениот германски пристап којшто не го следи жаргонот од продажните брошури.
Истрага за кобната незгода со Tesla Model S
Tesla Model 3 на тест на германскиот магазин Ауто Билд
Може едно „тјунирање“ на Tesla Model S?


















