за

Ламборгинито на папата Франческо се продаде за 715.000 евра

Lamborghini за папата Франческо

Уникатниот примерок од Lamborghini Huracan, во екстремната верзија со погон само на задните тркала, когошто марката од Сант Агата во ноември му го донираше на Папата Франческо, продаден е за 715.000 евра. Наддавањето се одржа денес во Монте Карло, во прочуениот Грималди Форум, заедно со уште неколку скапоцени и исклучителни автомобили.

Сите средства од наддавањето ќе му припаднат на врховниот поглавар на католичката црква. Папата Франческо соодветно ќе ги распредели средствата во следниве проекти:

  • Обновување на Ниневиската Рамнина во Ирак, со цел да се овозможи враќање на христијаните, преку обнова на нивните домови, како и на јавните и верските објекти.
  • Заедницата на папа Јован XXIII, којашто им помага на жените жртви од трговија со бело робје и други видови злоставување
  • Две италијански здруженија, чиишто активности се одвиваат главно во Африка и се насочени во помагање на жени и деца: GICAM и „Amici per il Centralafrica“.

Уникатниот примерок од Lamborghini Huracan RWD е изработен во одделението за специјални нарачки „Ad Personam“ во Сант Агата. Автомобилот носи неколку обележја во боите на знамето на Ватикан, односно каросерија во бела боја и дискретна надолжна лента во тибериски жолта боја.

Lamborghini Huracán donated to Pope Francis raises 715,000 Euro at Monte Carlo charity auction

Моделот под официјална ознака Huracan LP 580-2 е создаден за врвно возачко уживање, со 580 КС од 5,2-литарскиот V10 кои се пренесуваат само на задната оска. Со 1.389 килограми, RWD е за 33 килограми полесен од верзијата со погон на сите тркала. Соодветно се сменети и контролната електроника на моторот, суспензијата, управувањето и контролите на стабилноста. Спринтот до сто трае 3,4 секунди, крајната брзина изнесува 230 километри на час. Цената на стандардниот модел изнесува околу 180.000 евра.

Lamborghini Urus оди само со посебни обувки, јакна и куфер

Lamborghini Urus прославен како државен празник

Lamborghini со благослов од Папата Францис оди на наддавање

Lamborghini Terzo Millennio: На струја и со каросерија што сама се поправа

Lamborghini LM002 го разгазува теренот за премиерата на новиот Urus

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

брзи возачи франција

Приватни фирми ловат брзи возачи во Франција

tesla roadster внатрешност

Внатрешноста на Tesla Roadster изгледа суб-минималистички