за

Honda Civic Type R во нов напад на тркачките патеки

Honda Civic Type R rekord Magny Cours

По дебито на Honda Civic Type R Challenge 2018“ на салонот во Женева, сега следи и реализација на најавеното. Новото рекордно време на патеката Мањикур во Франција изнесува 2:01,51 минути и важи за сериски автомобили со пореден погон. Рекордот го постави Естебан Гуериери, возач на Civic TCR во светскиот куп со туристички автомобили.

На француската патека се докажа делотворноста на аеродинамиката и на адаптивната амортизација на Honda Civic Type R

Патеката е долга 4,4 километри и се одликува со бавни „шноли“, брзи шикани и долги правци. Дволитарскиот турбо во Honda Civic Type R сега постигнува 320 КС и 400 њутнметри. При постигнувањето на рекордното време се покажа делотворноста на аеродинамичниот пакет, како и на модусот +R на адаптивната амортизација.

Honda Civic Type R rekord Magny Cours 2

Тркачки ѕвезди што се докажале зад воланот на Honda ќе учествуваат во новиот „лов на рекорди“ со стандардната верзија на Honda Civic Type R. Пред две години се одвиваше слична серија, кога со модел од претходната генерација беа поставени рекорди на Есторил, Хунгароринг, Силверстоун и Спа-Франкоршамп. Годинава ќе се вози повторно на овие патеки, почнувајќи од Мањикур.

Honda Civic Type R rekord Magny Cours 3

Honda откри кои возачи ќе напаѓаат на останатите патеки: Поранешниот шампион во Ф1 и актуелен возач во NSX Super GT, Џенсон Батон, возачот во туристичкиот куп Тиаго Монтеиро, колегата на Батон од NSX Super GT, Бертран Багет и легендата од британскиот шампионат со туристички возила, Мет Нил.

Honda Civic Type R rekord Magny Cours 4

Последниов рекорд во Франција е второ најдобро време за Civic Type R, откако во април лани беше „падна“ Нирбургринг, во категорија на сериски автомобили со преден погон, со 7:43,08 минути.

Инженерите на Honda го започнаа развојот за десеттата генерација токму со Civic Type R, од кого што потоа беа изведени „цивилните“ изведби на моделот.

Зошто оваа Honda виси од мост?

Honda Insight во лето стартува со продажба во САД

Honda стартува со нарачки за електричниот Urban EV в година

Civic Type R за пилотите на Торо Росо во Формула 1

Honda Civic Type R е новиот крал на Нирбургринг

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla roadster внатрешност

Внатрешноста на Tesla Roadster изгледа суб-минималистички

bmw серија 8 купе

BMW серија 8 ќе има премиера на 24 часа Леман