за

Civic Type R за пилотите на Торо Росо во Формула 1

honda civic type r toro roso

Тркачкиот автомобил за на улица, како што Honda го нарекува својот Civic Type R, моментно го држи рекордот за најбрз круг за автомобил со преден погон на Нирбургринг, со време од 7:43,8 секунди. Двајцата возачи на тимот на Торо Росо во Формула 1, сигурно нема да се чувствуваат на туѓ терен кога ќе седнат зад воланот на новиот службен автомобил.

Пјер Гасли и Брендон Хартли годинава ја возат својата прва цела сезона во Ф1, откако во ланското првенство извозеа пет, односно четири трки. Гасли неодамна ги освои и првите бодови во шампионатот, завршувајќи ја трката во Бахраин на четвртото место. Тоа беа и првите бодови за Ред Бул Торо Росо сезонава.

Гасли го токми Civic Type R за „Патот на Наполеон“

Французинот Гасли претходно има возено за тимот Mugen во јапонската Супер Формула. За својот нов автомобил, тој коментираше: „Среќен сум што ќе го имам Type R за секој ден. Со нетрпение чекам да го испробам по Патот на Наполеон во јужна Франција, а можеби и на тркачка патека.“

Неговиот колега, новозеланѓанецот Хартли, се присеќа дека во 1996 година, неговиот прв патнички автомобил бил Honda Civic: „Преоѓањето на Type R е добар напредок. Единствената лоша страна е тоа што со 21 трка и густа агенда во Ф1, нема да имам толку време да го возам колку што би сакал.“

Дволитарскиот турбо во Honda Civic Type R постигнува 320 КС при 6.500 вртежи во минута и 400 њутнметри меѓу 2.500 и 4.500 вртежи. Спринтот до темпо сто трае 5,7 секунди, крајната брзина изнесува 272 km/h.

Гасли гледа и практични квалитети во цивилната тркачка машина: „Кабината е просторна, особено багажникот, што е важно со целиот багаж кој морам да го носам кога одам на аеродром.“

Honda Insight во лето стартува со продажба во САД

Honda стартува со нарачки за електричниот Urban EV в година

Honda CR-V првпат добива хибриден погон

Honda ќе ги полни батериите за 15 минути

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

одредување потрошувачка на гориво

Вака ќе ја пресметате вистинската потрошувачка на гориво

добар вид за безбедно возење

Добриот вид е основен предуслов за безбедно возење