Истрага за кобната незгода со Tesla Model S

Американската служба за безбедност во сообраќајот започна истрага за последната кобна незгода со електричните автомобили на Tesla. Четиричлен тим истражители е испратен во Форт Лодердејл во сојузната држава Флорида, со цел да изврши истрага околу незгодата со Tesla Model S, произведена во 2014 година.

Во незгодата којашто се случила во вторникот загинале двајца патници, а третиот патник е повреден. Сите три патници биуле на возраст од 18 години. Според наодите на експертите, батеријата на возилото се запалила и предизвикала пожар откако возилото удрило со висока брзина во ѕид. Според досегашниот тек на истрагата, автопилотот не се наведува како причина за незгодата.

Овојпат истрагата не се води околу функционирањето на автопилотот на Тesla

Неколку претходни судири со возилата на Tesla предизвикаа големо внимание на надлежните служби за безбедност, затоа што се утврдуваше дали причината за незгодата биле пропустите во работата на таканаречениот „автопилот“ или се работело за грешка на возачот.

Во последниот случај, Tesla влезе во спор со службата за безбедност во сообраќајот, заради наводно наштетување на реномето на производителот на електрични автомобили. Службата реагираше со тоа ја исклучи Tesla од натамошната истрага. Овојпат производителот гарантира целосна соработка.

Tesla Model 3 на тест на германскиот магазин Ауто Билд

Не е лесно да си Tesla

Може едно „тјунирање“ на Tesla Model S?

Tesla во спор со органите за безбедност во сообраќајот во САД

Претходна објаваШвајцарскиот електромобил на солена вода извозе 150.000 km без мака
Следна објаваЕлектромобилите со двапати помал сервис од обичните

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here