Возачите кои патуваа до своите работни места во Торонто доживеаја необична глетка во почетокот на минатата седмица. Од еден мост по патот кон канадскиот град висела темносина Honda Civic. Веднаш била известена полицијата и автомобилот бил откачен уште истиот ден. Но, мистеријата остана. Како се случи возилото да биде обесено на мостот?
Полицијата прво претпоставувала дека се работи за некаков вид протест, но досега ниту се откриени докази кои укажуваат на тоа, ниту некој се пријавил да ја искаже причината за својот протест. Второто сценарио е дека обесениот автомобил е дел од снимањето филм, коешто се одвивало во близина. Единствено што полицијата може да го потврди е дека не станува збор за незгода.
Од снимките се гледа дека автомобилот бил солидно олеснет пред да се најде закачен за сајла. Отстранети се моторот, седиштата, стаклата, а во кабината се гледа и вителот за сајлата. Очигледно е дека станува збор за сценарио. Само уште да се дознае што и кој стои зад сценариото.
Honda стартува со нарачки за електричниот Urban EV в година
Honda CR-V првпат добива хибриден погон
Honda Accord со титула на автомобил на годината во Детроит
Honda Insight се враќа како голема лимузина
















