за

Без врева, а ги има 15 на број: Овие Мерцедеси возат со две срца

mercedes hibridi

Лимузина од средна класа, или можеби е подобро да се избере практично, а сепак стилско комби. Некој пак, повеќе ја сака поспортската комбинација, во форма на купе или кабриолет. Истата комбинаторика е изводлива и една класа погоре, во таканаречената бизнис класа. Има и дополнителна опција, купе-лимузина.

Веќе станува непрегледно, а не сме ниту до половината. На располагање има и лимузина од највисоката класа, па уште и теренец … па негова купе-изведба, и згора на сé, уште еден, поголем теренец. А, за врвот, купе-лимузина со тркачки гени.

Mercedes CLS 450_1

Ретко кој се сетил да провери во скоро време, но тоа се сите класи, сите сегменти и сите каросериски изведби во коишто Mercedes моментно вградува хибриден погон. Вистина е дека во Mercedes е исклучително ретко да се слушне поимот хибрид, но има и причина за тоа. Наспроти „класичниот“ хибриден погон на Toyota, тука се случува нешто поразлично: 48-волтна мрежа, стартер-генератор, компресор што добива погон од електромотор. Сето тоа е над досегашната перцепција на погонската комбинација којашто се води како „благ хибрид“.

Зборот хибрид уште поретко ќе се спомнува во иднина, барем кога станува збор за Mercedes. Повеќе ќе се спомнуваат EQ, EQ Power, EQ Boost, па дури и Turbo 4Matic+, само не хибрид. Интелигенција во погонот, во стил на Mercedes.

Mercedes turbo 4 matic+

Мудро и при купување. Со ослободувањето од акциза (18% при оцаринета вредност над 30.000 евра), хибриден E-Class со буквално тристотини коњски сили чини помалку од најсилниот дизел. Трошоците за гориво веројатно би биле исти, но љубителите на бензинскиот мотор ќе си бидат на свој терен.

Дали новиот Mercedes C 200 ќе чини под 30.000 евра со акцизното ослободување?

Засега нема најава од застапникот Мак Аутостар, но можно е големо ценовно изненадување кога фејслифтот на C-Class ќе стартува со продажба летово. Иако во моделската ознака Mercedes C 200 никаде не фигурира зборот хибрид, техниката функционира во моделот од средната класа. Стартер-генератор кој е задвижуван преку ремен има задача да „подбутне“ при забрзување, поштедувајќи го бензинецот.

Под хаубата пристига 1,5-литарски бензинец со четири цилиндри, директно впрскување и турбонатполнење, со 184 КС и вртежен момент од 280 Nm при 3.000 вртежи. Просечната потрошувачка според фабрика: 6,0 l/100 km. Значаен додаток во целата оваа комбинација е 48-волтната мрежа, којашто всушност е основата на таканаречениот EQ Boost – во жаргонот на Штутгарт. Деветстепениот автоматик следува како стандард, достапна е и изведба со погон на сите тркала.

mercedes gama hibridni modeli

Перформансите на новиот Mercedes C 200 ќе ги најдете подолу, во нашата галерија со комплетната понуда од хибридни модели на марката со сребрената ѕвезда.

Втората хибридна опција го комбинира дволитарскиот дизел OM 654 со електромотор од 90 kW, нова литиум-јон батерија и сопствен полнач со двојно повисока моќност од порано, односно со 7,2 место 3,6 киловати. Околу стартот на продажбата само грубо се најавува дека тоа би се случило во доцно лето, односно брзо по салонот во Париз. Досегот при возење само на батерии исто така се зголемува на 50 километри. Станува збор, инаку, за трета генерација на хибридниот погон во Mercedes. Дизел хибридот практично е замена за досегашниот Mercedes C 300 h, со 204 дизелски и 27 „електрични“ КС и цена од 48.990 евра. Приближно толку чини и C 250 d.

[tie_slideshow]

Трите главни прашања за 48-волтната мрежа

[tie_slide]

Што е EQ Boost?

EQ Boost е стартер-генератор, којшто ги соединува стартерот и алтернаторот во моќен електромотор и вграден е меѓу моторот и менувачот. Во најнапредната варијанта се користи двојно турбонатполнење, односно класичен турбокомпресор и дополнителен компресор со електричен погон.

Предноста на „електричниот“ компресор е во тоа што го постигнува полниот притисок на натполнење веднаш по поаѓањето, напојувајќи се со енергија од стартер-генераторот EQ Boost. Кога бројот на вртежи на моторот ќе се зголеми доволно, се вклучува и големиот турбокомпресор. Тоа овозможува рамномерно и моќно забрзување.

[/tie_slide]

[tie_slide]

Што е 48-волтна мрежа?

Струјата за 48-волтната мрежа ја произведува стартер-генераторот EQ Boost. Преку посебен трансформатор, од него се снабдува и обичната 12-волтна мрежа. Со 48-волтниот акумулатор се зголемува целиот батериски капацитет на возилото, што значи дека може да се испорача повеќе електрична енергија. Со тоа се овозможува и воедување нови функции. Мрежата од 48 волти е практично вовед во натамошната хибридизација. Уште една предност: Каблите се потенки и полесни. Со 12-волтната мрежа и натаму се напојуваат осветлувањето, кокпитот, дисплеите и контролните уреди.

[/tie_slide]

[tie_slide]

Како EQ Boost овозможува хибриден погон?

Стартер-генераторот EQ Boost е централен дел на 48-волтната мрежа и не се користи само како генератор, туку тој врши и хибридни функции. Овие функции досега беа можни само со високоволтната хибридна технологија. Регулацијаа на работата на моторот во празен од за првпат се врши преку стартер-генераторот.

Меѓу хибридните функции спаѓаат „буст“ со 16 kW (22 КС) и вртежен момент од 250 њутнметри, повраток на енергијата при сопирање, „едрење“ и незабележливо вклучување на моторот при старт-стоп.

Бидејќи нема потреба од ременик за помошните агрегати, контруктивната должина на шестцилиндарскиот мотор (во AMG 53) е значително покуса од обичните мотори. Со тоа се овозможува пречистувањето на издувните гасови да биде блиску до моторот.

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Засега само се шпекулира околу третата опција во гамата на C-Class, наследникот на плагин-хибридот C 350 e. Најверојатниот исход ќе биде вградување на техниката од E 350, односно преоѓање на благ-хибрид, со стартер-генератор и 48-волтна мрежа, со моќност од 299 КС.

Уште не е најавено, но затоа е сосема извесно дека и во гамата на C-Class ќе пристигне „53“, односно погонската комбинација од CLS 53, E 53 или GT 4-Turer 53, сите под логото на AMG. Практично, во сите моделски изведби кадешто моментно фигурира 43 AMG, во иднина ќе стои 53 AMG.

oznaka E 53

Разликата секако дека не е во само во бројката, туку е во суштината. Тука исто така станува збор за EQ Boost, како комбинација од трилитарски V6 со директно впрскување, битурбо натполнење, компресор со електричен погон, стартер-генератор и 48-волтна мрежа. Во случајот на E 53, шестцилиндарецот постигнува 435 КС, плус „буст“ од 22 КС. Потрошувачката на гориво во град, во споредба со E 63: Според фабрика 11,4 литри, наспроти 14,5 литри.

Хибридната погонска техника штотуку станува интересна

Новиот дизел-хибрид од C-Class ќе работи и во E-Class. Двата модела стартуваат паралелно во периодот околу салонот во Париз. Престои голема раздвиженост во воведувањето на EQ Power во целата моделска гама на Mercedes. Изборот на Mercedes да ја електрифицира погонската спрега преку подостапното решение со благ хибрид, но во комбинација со 48-волтна мрежа и со компресор со електричен погон во повисоките сегменти, претставува следен важен чекор во реализацијата на стратегијата на џинот во автомобилската бранша. Под џин, не мислиме само на бројот на продадени возила, туку првенствено на располагањето со нови технологии.

Така доаѓаме лесно и до одговорот, зошто Mercedes не правеше толку врева околу технолошкиот напредок во електрификацијата на погонската спрега. А, за што попрво? Не е една технологијата што се развива и пристига во континуитет новите модели на Штутгарт, почнувајќи од навигација што се раководи според три клучни зборови, до автопилот што е подготвен да го замени возачот, само кога законите ќе го дозволат тоа. Накусо: Никој не може да го „измисли“ автомобилот пред Mercedes. Хибридниот погон, исто така.

Сите модели со хибриден погон на Mercedes

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Mercedes C 200 9G-Tronic

Mercedes C 200

Почеток на продажба јули 2018 · Хибриден погон (благ хибрид, EQ Boost), бензински мотор од 1,5 литар, директно впрскување, турбонатполнење, стартер-генератор, 48-волтна мрежа, 184 КС, 280 Nm при 3000/min, автоматски менувач со 9 степени, 0-100 km/h за 7,7 s, Vmax 239 km/h, просечна потрошувачка 6,0 l/100 km; Постои и изведба со погон на сите тркала 4Matic

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes C 200 T-Modell 9G-Tronic

Mercedes C 200 T-Modell

Почеток на продажба јули 2018 · Хибриден погон (благ хибрид), бензински мотор од 1,5 литар, директно впрскување, турбо, стартер-генератор, 48-волтна мрежа, 184 КС, 280 Nm при 3000/min, автоматски менувач со 9 степени, 0-100 km/h за 7,9 s, Vmax 235 km/h, просечна потрошувачка 6,2 l/100 km; Постои и изведба со погон на сите тркала 4Matic

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes C 200 Coupe 9G-Tronic

Mercedes C-Class Coupe i Cabriolet

Почеток на продажба јули 2018 · Хибриден погон (благ хибрид), бензински мотор од 1,5 литар, директно впрскување, турбо, стартер-генератор, 48-волтна мрежа, 184 КС, 280 Nm при 3000/min, автоматски менувач со 9 степени, 0-100 km/h за 7,9 s, Vmax 239 km/h, просечна потрошувачка 6,1 l/100 km; Постои и изведба со погон на сите тркала 4Matic

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes C 200 Cabriolet 9G-Tronic

Mercedes C-Class Cabriolet

Почеток на продажба јули 2018 · Хибриден погон (благ хибрид), бензински мотор од 1,5 литар, директно впрскување, турбо, стартер-генератор, 48-волтна мрежа, 184 КС, 280 Nm при 3000/min, автоматски менувач со 9 степени, 0-100 km/h за 8,5 s, Vmax 235 km/h, просечна потрошувачка 6,4 l/100 km; Постои и изведба со погон на сите тркала 4Matic

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes C 350 e 7G-Tronic Plus

mercedes dizel plagin hibridi i s 560 e

Достапен до април 2018 · Хибриден погон (плагин хибрид), бензински мотор од 2,0 литри, директно впрскување, турбо, 279 КС, 600 Nm при 1200/min, автоматски менувач со 7 степени, 0-100 km/h за 5,9 s, Vmax 250 km/h (130 km/h во хибриден модус), просечна потрошувачка 2,1 l/100 km, досег на струја 31 km; Постои и изведба со погон на сите тркала 4Matic; Се нуди и со комби каросерија

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes C 300 h 7G-Tronic Plus

Mercedes C-Class Diesel Hybrid

Достапен до април 2018 (нов модел на крајот на летото) · Хибриден погон, дизел мотор од 2,2 литри, директно впрскување, турбо, 231 КС, 500 Nm при 1600/min, автоматски менувач со 7 степени, 0-100 km/h за 6,4 s, Vmax 244 km/h, просечна потрошувачка 3,6 l/100 km; Постои и изведба со погон на сите тркала 4Matic; Се нуди и со комби каросерија.

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes E 350 9G-Tronic

Mercedes E 350

Хибриден погон (благ хибрид), бензински мотор од 2,0 литри, директно впрскување, турбо, 299 КС, 400 Nm при 3.000/min, автоматски менувач со 9 степени, 0-100 km/h за 5,9 s, Vmax 250 km/h, просечна потрошувачка 6,7 l/100 km

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes-AMG E 53 4Matic+ Speedshift TCT 9G

Mercedes-AMG E 53 nazad

Почеток на продажба јуни 2018 · Хибриден погон (благ хибрид, EQ Boost), бензински мотор V6 од 3,0 литри, директно впрскување, битурбо, стартер-генератор, 48-волтна мрежа, 457 КС, 520 Nm при 1800/min, автоматски менувач со 9 степени, 0-100 km/h за 4,5 s, Vmax 250 km/h, просечна потрошувачка 8,6 l/100 km; Достапен и во комби изведба T-Modell

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes E 350 Coupe 9G-Tronic

Mercedes E 350 Coupe

Почеток на продажба октомври 2017 · Хибриден погон (благ хибрид, EQ Boost), бензински мотор од 2,0 литри, директно впрскување, турбо, стартер-генератор, 48-волтна мрежа, 313 КС, 400 Nm при 3000/min, автоматски менувач со 9 степени, 0-100 km/h за 5,9 s, Vmax 250 km/h, просечна потрошувачка 6,8 l/100 km

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes E 350 Cabriolet 9G-Tronic

Mercedes E 350 Cabriolet

Почеток на продажба октомври 2017 · Хибриден погон (благ хибрид, EQ Boost), бензински мотор од 2,0 литри, директно впрскување, турбо, стартер-генератор, 48-волтна мрежа, 313 КС, 400 Nm при 3000/min, автоматски менувач со 9 степени, 0-100 km/h за 6,1 s, Vmax 250 km/h, просечна потрошувачка 7,0 l/100 km

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes CLS 450 Coupe 4Matic 9G-Tronic

Mercedes CLS 450

Почеток на продажба мај 2018 · Хибриден погон (благ хибрид, EQ Boost), бензински мотор V6 од 3,0 литри, директно впрскување, турбо, компресор со електричен погон, стартер-генератор, 48-волтна мрежа, 388 КС, 500 Nm при 1600/min, автоматски менувач со 9 степени, 0-100 km/h за 4,8 s, Vmax 250 km/h, просечна потрошувачка 7,8 l/100 km

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes S 450 9G-Tronic

Mercedes S 560 e scena

Почеток на продажба јули 2017 · Хибриден погон (благ хибрид, EQ Boost), бензински мотор V6 од 3,0 литри, директно впрскување, турбо, компресор со електричен погон, стартер-генератор, 48-волтна мрежа, 388 КС, 500 Nm при 1600/min, автоматски менувач со 9 степени, 0-100 km/h за 5,1 s, Vmax 250 km/h, просечна потрошувачка 7,3 l/100 km; Достапен и во изведба со продолжено меѓуоскино растојание

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes S 560 e

Mercedes S 560 e Stand

Хибриден погон (плагин хибрид), бензински мотор V6 од 3,0 литри, директно впрскување, битурбо, 367 + 122 КС, 500 + 440 Nm, автоматски менувач со 9 степени, 0-100 km/h за 5,0 s, Vmax 250 km/h, просечна потрошувачка 2,1 l/100 km, досег на струја 50 km; Достапен и во изведба со продолжено меѓуоскино растојание

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes GLC 350 e 4Matic 7G-Tronic Plus

Mercedes GLC 350 e

Почеток на продажба април 2016 · Хибриден погон (плагин хибрид), бензински мотор од 2,0 литри, директно впрскување, турбо, 320 КС, 560 Nm при – /min, автоматски менувач со 7 степени, 0-100 km/h за 5,9 s, Vmax 235 km/h (130 km/h во хибриден модус), просечна потрошувачка 2,5 l/100 km, досег на струја 34 km

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes GLC Coupe 350 e 4Matic 7G-Tronic Plus

Mercedes GLC 350 e Coupe

Почеток на продажба октомври 2016 · Хибриден погон (плагин хибрид), бензински мотор од 2,0 литри, директно впрскување, турбо, 320 КС, 560 Nm при – /min, автоматски менувач со 7 степени, 0-100 km/h за 5,9 s, Vmax 235 km/h (130 km/h во хибриден модус), просечна потрошувачка 2,5 l/100 km, досег на струја 34 km

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes GLЕ 500 e 4Matic 7G-Tronic Plus

Mercedes GLE 500 e

Почеток на продажба август 2015 · Хибриден погон (плагин хибрид), бензински мотор V6 од 3,0 литри, директно впрскување, битурбо, 442 КС, 650 Nm при – /min, автоматски менувач со 7 степени, 0-100 km/h за 5,3 s, Vmax 245 km/h (140 km/h во хибриден модус), просечна потрошувачка 3,3 l/100 km, досег на струја 20 km

[/tie_slide]

[tie_slide]

Mercedes-AMG GT 53 4Matic 4-Türer Coupe

Mercedes-AMG GT 53 4-Turer vozenje

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Забава со печат за квалитет од Mercedes и Мак Аутостар

Mercedes подготвува нов 1,6-литарски дизел

Лимузинскиот Mercedes A-Class ќе вози во Кина

Новиот Mercedes A-Class ѕирна од македонскиот ценовник

Audi што требаше да биде Mercedes

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

фото: АутоБилд

Tesla Model 3 на тест на германскиот магазин Ауто Билд

honda kanada most

Зошто оваа Honda виси од мост?