Концептниот автомобил Volvo S90 Ambience штотуку доживува светска премиера на салонот во Кина. Основата доаѓа од Volvo S90 Excellence, специјалната верзија на лимузинскиот знаменосец S90 којашто Volvo ja нуди со само три седишта – совозачкото седиште е претворено во табуретка.
Патниците во S90 Ambience можат да ја дотераат атмосферата во кабината преку мобилна апликација, избирајќи меѓу седум визуелни теми, со приспособена музика и мирис. Поентата на S90 Ambience е во тоа што патниците можат да изберат тема зависно од тоа како се чувствуваат во моментот, но можат да активираат и тема што ќе им го подобри расположението.
Нордиска светлина, скандинавска шума, лебедово езеро – Volvo S90 Ambience „става во филм“
Кога ќе се избере соодетната тема, таванот може да прикажува нордиска светлина, скандинавска шума, лебедово езеро, архипелаг или дожд. Секоја тема предизвикува одредено чувство, од релаксација до инспирација. Постои и ноќна тема за одморање или „слободна“ тема, за освежување и енергизирање.
Пратечката музика за избраната тема доаѓа од скапи звучници од специјалистот Bowers and Wilkins, со мали високотонци во потпирачите за глава, за врвно аудиофилско уживање. Третиот елемент е миризбата. Четирите ароми се дизајнирани од Byredo и истите излегуваат од лежиштето во средишната конзола.
Постои веројатност Volvo да го понуди ова автомобилско спа-искуство од S90 Ambience во сериските возила, особено за клиентите во Кина. Лани за првпат беа продадени над 100.000 автомобили од шведската марка на големиот азиски пазар. Volvo четврта година во контиунитет бележи нови рекорди. Како и за повеќето останати марки, Кина е најголем единечен пазар за Volvo и најголем пазар за лимузината S90.
[tie_slideshow]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[/tie_slideshow]
Електричниот Volvo „тестиран“ пред премиерата во Пекинг
Кинеските газди на Volvo оствариле заработка од 12 милијарди евра
Овој Volvo P 1800 бил во лична сопственост на Роџер Мур
Новиот Volvo XC40 им носи пораст во продажбата на Швеѓаните




















