Во каросериска работилница во баварскиот Рајхертсхофен е изработен автомобилот што им недостигаше на генерации возачи. Тоа важи барем за оние возачи кои тешко ја наоѓаа врската со оригиналот, во досегашните обиди на Volkswagen, да го врати во живот својот матичен модел.
Memminger е името коешто подолго од две децении им е познато на ентузијастите за оригиналната буба. За реставраторската работа на Георг Мемингер буквално важи изреката „подобро од оригиналот“. Сега има и подобро од тоа. Баварскиот специјалист за реставрација произведе нова буба, каква што била замислувана и посакувана со децении наназад.
Ова е единствениот веродостоен продолжеток на поглавјето за бубата
Бубата на Memminger е класичен родстер, со низок ветробран и две седишта зад него, со рачка на предниот капак, со браници во стилот на 1970-те и со широки прагови. Всушност, секој детал од оригиналниот дизајн се препознава, од хромираните прстени на светлата, преку формата на ретровизорите и рачките на вратите, до отворите за воздух во задниот капак. Дизајнерот Филип Еберл навистина постигнал многу во реанимирањето на бубата.
Привлечноста на овој ретро-родстер сепак е на друго место. Под задната хауба и натаму работи боксер со четири цилиндри и со воздушно ладење, но овој располага со зафатнина од 2.717 сантиметри кубни. Моторот се базира врз 1,7-литарецот што се вградуваше во Volkswagen 411 и 412 во 1970-те години и којшто има различна конструкција од боксерите во бубата. Porsche 914/4 исто така го користеше овој мотор.
Memminger е чистокрвен родстер, со централно поставен мотор
Овој „тешко“ модифициран мотор, кој меѓу другото е префрлен и на електронско впрскување на гориво, има и различна позиција во споредба со оригиналот. Боксерот е вграден пред задната оска. Мајсторијата на Баварците е дотолку повеќе за почитување, кога ќе се има предвид дека „шасијата“ потекнува од оригиналната буба, со меѓуоскино растојание од 2.444 милиметри.
[tie_slideshow]
[tie_slide]
Технички податоци · Memminger Roadster
| Мотор | 4 цил., боксер, водено ладење |
| Зафатнина (ccm) | 2717 |
| Моќност (КС) | 210 |
| Вртежен момент (Nm) | 247 |
|
Напојување со гориво |
Индиректно впрскување |
|
Третман на издувни гасови |
Катализатор |
|
Менувач |
Мануелен, 5 степени |
|
Каросерија |
Челична цевна рамка, заварена за платформата |
| Должина (mm) | 4037 |
| Ширина (mm) | 1725 |
| Висина (mm) | 1245 |
| Меѓускино растојание (mm) | 2444 |
| Трага напред (mm) | 1430 |
| Трага назад (mm) | 1453 |
| Подвозје | |
| Предна оска | Амортизери и навојни пружини, зајакнати носачи на тркалата |
|
Задна оска |
Коси водилки, зајакнати |
| Диск сопирачки напред | 278 mm, вентилирани |
| Диск сопирачки назад | 262 mm |
|
Гуми напред |
225/45-18 |
|
Гуми назад |
255/40-18 |
[/tie_slide]
[/tie_slideshow]
Но, затоа е сменето сé останато. Сопирачките потекнуваат од Porsche и подобро што е така, затоа што со моќност од 210 КС и тежина од 800 килограми, овој родстер може да здиви премногу. Во малечката и фина работилница се горди што во нивниот автомобил нема вградено навигација, големи дисплеи, системи за поврзување со мобилен телефон, системи за асистенција… Memminger е автомобил пред сé, што значи дека има бројач на вртежи, брзиномер, манометар, часовник и рачка за менувачот. За уживање во возењето, повеќе од тоа не треба.
Хер Мемингер не се труди премногу да убедува во способностите и перформансите на родстерот, и единствено наведува дека крајната брзина изнесува далеку над 200 километри на час. Разбирливо е тоа што баварскиот тим не троши време на овие „споредни“ работи. Таму се грижат околу нарачките. Автомобилот, гарантирано, нема да се изработи во повеќе од 20 примероци.
Beetle Dune го враќа духот на „песочното баги“
Најсочуваниот Volkswagen Beetle има поминато само 90 километри
Стари легенди добиваат нова младост со електричен погон
Вредноста на старите „буби“ расте вртоглаво
Како Британците пропуштија да ја присвојат „бубата“ на Volkswagen
Галерија · Memminger Roadster
[tie_slideshow]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[/tie_slideshow]

























