Јирген Клоп: На амбасадорот на Opel повеќе му е мил Porsche Cayenne

Новиот тренер на фудбалскиот клуб Ливерпул и амбасадор на Opel во соопштенијата од автокуќата продолжува да вози Insignia, но во реалното секојдневие не се двои од неговиот Porsche Cayenne.

Новиот тренер на Ливерпул го смени клубот, но остана верен на старата автомобилска марка. Јирген Клоп ја задржи функцијата на амбасадор на марката Opel. Така стоеше во соопштението за медиуми што вчера беше објавено од седиштето на марката во Риселсјахм. Но, вистината сепак изгледа понаку.

klop opel porsche 1
Вешт одговор од Opel, за неверството на бренд-амбасадорот Јурген Клоп. Во „Ливерпул“ имено се користи интерен превоз со возила од други марки, но тие наскоро ќе биле заменети со Opel

Кога новиот тренер пристигна на теренот за тренинг на фудбалскиот клуб Ливерпул, фановите громогласно го поздравија неговото појавување. Единствено беше проблем тоа што место зад воланот на Opel, тој седеше во Porsche Cayenne. Клоп делеше автограми, го прославуваше моментот заедно со публиката и се сликаше со фановите. Сето тоа примерно го евидентираа и документираа британските медиуми.

На фановите на Ливерпул им е сеедно со каков автомобил во моментов се вози тренерот Јирген Клоп. Но, во Opel имаат причина за загриженост. Како што пишува германскиот Auto Bild, од централата на Opel пристигнал одговор дека „во клубот во моментов се користи превоз со различни марки на возила“ и дека „во иднина истите ќе се заменат со модели на Opel, на пример Insignia.“

Сличен проблем има и марката сестра од концернот General Motors. Играчите на Манчестер Јунајтед пред неколку месеци добија прекор од спонзорот, затоа што повеќе ги преферираа спортските автомобили од германски марки, отколку моделите на спонзорот Chevrolet.

Претходна објаваИзведба „М“ како награда за продажниот успех на BMW X4
Следна објаваСпецијален Ferrari F12tdf во чест на Тур д’Франс

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here