Фудбалерите на Манчестер Јунајтед не ги сакаат подарените Шевролети

Вејн Руни има „избрано“ Camaro Convertible, но автомобилот сето време стои паркиран, додека Руни се вози во својот Range

Додека колегите од Баерн Минхен гордо се сликаат со службените возила од Audi, играчите на Јунајтед целосно ги игнорираат возилата од спонзорот Chevrolet и возат германски теренци и спортски купеа.

Фудбалските професионалци на Манчестер Јунајтед не ги сакаат возилата од нивниот спонзор Chevrolet. Британските медиуми пред неколку месеци јавно го открија ова „нетрпение“. Дневниот весник „Дејли Мејл“ објави фотографии на коишто се гледаа 15-те модели на Chevrolet, паркирани и некористени со месеци. Весникот ги објави фотографиите од автомобилите што фактички ги возат фудбалските ѕвезди, место подарените возила од американската марка. На објавените фотографии, Робин ван Перси е во својот Porsche 911, додека Вејн Руни комотно се вози во Range Rover. Маруан Фелаини од неодамна исто така се вози во „туѓа“ марка, односно со Mercedes GLK место со спонзорската Chevrolet Captiva.

Остра реакција од General Motors поради игнорирањето на подарените автомобили

Шефовите во General Motors конечно реагираа и како што пишува британскиот „Мирор“, фудбалерите добиле остар укор и во иднина ќе мораат да доаѓаат на тренинзите со моделите на Chevrolet, односно со Captiva, Camaro и Corvette. Однесувањето на фудбалските ѕвезди со договори вредни неколку милиони евра очигледно дека не го провоцира само спонзорот Chevrolet. Неименуван член на раководствотона клубот изјавил за „Мирор“ дека „можеби не се работи за модели на Porsche, но повеќето фанови на ‘Јунајтед’ би убиле да добијат бесплатен автомобил.“ Клубот потпиша спонзорство со американската марка уште во 2012 година.

Претходна објаваПатот на бесот: Ова е возниот парк на Лудиот Макс
Следна објаваToyota и Mazda влегуваат во потесна соработка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here