
- Доколку се дозволи кинеските возила да влезат во САД, тоа ќе биде „уништувачко“ за производството во земјата, стравува Џим Фарли
- „Се надевам дека нема да им дозволиме да ја минат границата,“ изјави Фарли за кинеските автомобил што наскоро ќе почнат да се продаваат во Канада.
- Фарли тврди дека кинеските производители добиваат „огромна директна помош“ од својата влада, поради што „тоа е далеку од чесна борба.“
Првиот човек на Форд Мотор тврди дека, доколку на кинеските производители им се дозволи да продаваат автомобили во Соединетите Држави, тоа ќе биде „уништувачко“ за производството во земјата.
„Не треба да им дозволуваме да влезат во нашата земја,“ изјави извршниот директор Џим Фарли на 13-ти април, при своето гостување на шоуто Фокс енд Френдс на Фокс Њуз.
„Производството е срце и душа на нашата земја и доколку го изгубиме тоа од возилата што ќе се увезат, тоа ќе ја уништи нашата земја.“
САД во моментов имаат 100 проценти царина за кинески електрични возила, што е делотворна мерка за да се потиснат производителите како БИД или Шаоми. Но, кинеските автомобили со ниски цени и висока технологија го освојуваат светот. Тоа важи и за Мексико, каде што само БИД продава седум од секои 10 електрични и приклучни хибридни возила што се регистрираат на тамошниот пазар. Канада неодамна потпиша договор со Кина, за увоз на 49.000 возила годишно.
„Се надевам дека нема да им дозволиме да ја минат границата,“ изјави Фарли за кинеските автомобили од Канада.
Заштитата за овие возила да влезат во САД ќе има „големо влијание“ за претстојните преговори за обновување на спогодбата за трговија меѓу САД, Мексико и Канада, додаде тој.
Последните коментари на Фарли се најострите досега, околу заканата што доаѓа од кинеските производители на автомобили. Шефот на Форд тврди дека „огромната директна помош“ што кинеските производители на автомобили ја добиваат од својата влада им дава неправедна предност, овозможувајќи им пониски цени и истребување на домашните производители на автомобили во САД.
„Нема шанси дека ова е чесен меч“ изјави тој на Фокс.
Фарли предупреди и за опасности врз националната безбедност, доколку се дозволи кинеските автомобили што се преполни со тенологија да се движат по патиштата во САД.
„Сите овие возила имаат 10 камери“, вели Фарли. „Тие може да собираат многу податоци.“
За споредба, некои пикапи од Ф-серијата поседуват до седум камери.
Пат што го стави на прв предизвик кинескиот теренец
BAW 212 T01: По планински пат што ретко кој го знае – и никој не го вози
Доналд Трамп изјави во јануари пред Економскиот клуб во Детроит, дека тој е подготвен „да ѝ дозволи на Кина да влезе“, под услов тие да градат фабрики и да вработуваат жители на САД. Фарли се надоврза, дека кинеските производители на автомобили треба да се обврзат да воспоставуваат заеднички инвестиции со производители од САД, во коишто домашните производители ќе имаат контролен удел, како услов да им се дозволи да произведуваат во земјата.
Трамп во следниот месец патува во Пекинг, на средбата со кинексиот лидер Си Џинпинг, којашто ќе се следи будно.















