Пежо го заврши првото тромесечје како најпродавана марка во Португалија

Лавот е крал на дивината, но и на автомобилскиот пазар во Поргугалија, каде што марката со лав во знакот продаде повеќе автомобили од која било друга марка во првите три месеци.

Пежо 2008 е најпродаван модел во Португалија во првото тромесечје, веднаш по него е 208

Со продадени 8.251 автомобили и доставни возила, Пежо е лидер на португалскиот пазар во првите три месеци. Тоа е продолжение на продажниот тренд што француската марка веќе подолго време го постигнува во земјата, во којашто и произведува неколку свои модели.

По завршувањето на првото тромесечје и повлекувањето на првата црта за билансот годинава, Пежо води на португалскиот пазар, со 8.251 патнички и доставни возила. Во споредба со истиот период лани, пазарот на Пежо одвај се скусил за 0,5 процент.

Изненадува марката на второто место, а таму е никој друг туку Мерцедес-Бенц, со 5.215 патнички и доставни возила, што е раст од 10,8 проценти од лани. А, бидејќи германските премиум марки не се двојат, веднаш на третото место е БМВ, со 4.705 возила, па и тие со раст од 6,5 проценти.

Понатаму следат Рено и Ситроен. Во земјата се продадени вкупно 82.824 возила од двата вида за три месеци, што означува раст од 8,8 проценти. Напредуваат и електричните автомобили, со 15.136 регистрации, што е за 24,3 проценти повеќе отколку во почетокот на 2025 година.

Приклучните хибриди постигнуваат половина од продажбата на целосно електричните модели, со 7.762 возила во првите три месеци, со напредок од 24,7 проценти од лани.

Пежо води и меѓу моделите, со 2008 и 208 на првите две места

Само во март, марката со лавот продаде 1.850 патнички возила, додека останатите 605 се доставни. На секои три продадени патнички, доаѓа едно доставно возило. Висок е уделот на Пежо на пазарот на вториве, со 20,4 проценти, што е повеќе од двојно од уделот што марката го постигнува на пазарот на патнички возила (8,3%).

Двата модели што Португалките и Португалците ги избирале најмногу во првите три месеци се токму Пежо 2008 и 208. Од СУВ изведбата се испорачани вкупно 2.480 возила, додека класичната комбилимузина постигна 1.793 регистрации.

Водечката марка не се менува ниту кај доставните возила. Пежо Партнер е практично домашен модел и се произведува во земјата, во Мангуалде. Неговиот биланс за првите три месеци е 1.153 возила.

Добро се држат и останатите модели. Новиот 308, по фејслифтот, има 900 продажби, додека од СУВ-моделите 3008 и 5008, во изминатиот период се испорачани 821, односно 570 возила.

„Лавот“ е најпродавана марка и меѓу целосно електричните возила, во делот на големоволуменските марки, затоа што првите две места во вкупната БЕВ-продажба во Португалија им припаѓаат на Тесла и БИД. Вкупно се продадени 1.217 возила на струја до март, од кои 1.062 се патнички и 155 се доставни возила. Сите електрични доставни возила се произведуваат во Мангуалде.

Претходна објаваКиа Спортаж и по фејслифтот доаѓа во изведба Блек Едишн
Следна објаваШефот на Форд стравува дека Кинезите ќе му го преземат пазарот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here