Седум финалисти во изборот за европски автомобил на годината

Трката за ценетата титула на Автомобил на годината во Европа влегува во последниот круг. Од вкупно триесет модели што беа кандидирани во изборот, меѓународното жири составено од 58 специјализирани новинари избра седум новитети кои ќе продолжат во финалето.

  • Alfa Romeo Giulia
  • Citroen C3
  • Mercedes E-Class
  • Nissan Micra
  • Peugeot 3008
  • Toyota C-HR
  • Volvo V90

Овие седум модели ќе подлежат на натамошна серија тестирања, вклучувајќи и паралелни возења на тест-патеката Мортелфонтен во близина на Париз во февруари. На 6-ти март, на салонот во Женева ќе биде познато кој од седумте финалисти успеал најмногу да го убеди жирито со претставници од 22 европски земји. Победник во минатогодишниот избор беше Opel Astra, со незначителна предност пред Volvo XC90, додека на третото место се пласираше Mazda MX-5.

Секој член на жирито во финалето има на располагање 25 бодови, коишто треба да ги распредели на најмалку пет модели. За еден модел не може да се доделат повеќе од десет бодови. Изборот е во организација на седум европски магазини и се одржува од 1964 година, кога победи Rover 2000.

Претходна објаваСите досегашни победници во изборот на европски автомобил на годината
Следна објаваДвојна победа за Škoda во изборот за „Auto Trophy 2016“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here