Над 70.000 електрични автомобили се продале на европскиот пазар во првите три квартали. Продажбата зема сé поголем замав. Веќе в година се појавуваат голем број нови и драстично напреднати модели.
Погонот на струја веќе одамна го има изгубено епитетот алтернативен меѓу европските возачи. Покрај повеќе од 120.000 јавно достапни полначи за струја, инвестиции вредни милијарди евра и масовна државна поддршка преку субвенции и привилегии за возачите на електрични автомобили, повеќе се чини дека алтернатива е обичниот погон на фосилни горива.
Според последната официјална статистика којашто ќе биде достапна годинава, за периодот од првите три квартали, на европскиот пазар се продале 70.818 електрични возила – само со „батериски“ погон, не вклучувајќи ги плаг-ин хибридите и класичните хибриди. Во оваа бројка не влегуваат и доставните возила со батериски погон, чијашто продажба до септември има надминато 7.000 примероци. Кога статистиката ќе се комплетира и со податоците за последниот квартал, за очекување е вкупната продажба на патнички автомобили со погон на струја во Европа да надмине 100.000 примероци.
Првото место во продажбата му припаѓа на Renault Zoe, кој води убедливо со близу 19.000 продадени примероци за девет месеци. Следи Nissan Leaf со преку 12.000 продадени примероци, кој годинава се појави во нова генерација. Два од десет продадени електрични автомобили во Европа потекнуваат од алијансата Renault-Nissan. На третото место е BMW i3, кој исто така имаше моделско освежување и ја засилува пазарната доминација на водечката тројка. Неговата продажба бележи драстичен раст во споредба со лани.
Наспроти еуфоријата којашто ја шират американските медиуми, Tesla не ја одредува играта на пазарот на електрични автомобили во Европа
Следат Tesla Model S и Model X на четвртото и петтото место, па дури по нив е Volkswagen e-Golf. Германскиот производител неодамна најави дека в година воведува втора смена за производство на електричниот компакт, со што дневната продукција во Дрезден ќе се зголеми од 35 на 70 автомобили. Високо котира Hyundai Ionic Electric, со мала предност пред Kia Soul EV.
Последните две места во Топ 10 им припаѓаат на Mercedes B 250e и Volkswagen e-Up. Листата на најпродавани електрични автомобили в година може да изгледа многу поинаку, со пристигањето на модели како Jaguar I-Type или Audi e-tron quattro, но и на првите модели од старт-ап компаниите, како e.Go Mobile. Некои производители во меѓувреме решија да се откажат од електричниот бум. Францускиот PSA, под чијшто покрив се најде Opel, реши да прекине со продажбата на Ampera-e, поради прениската заработка.
Продажба на патнички електрични автомобили во Европа во првите три квартали ’17
(само автомобили со батериски погон, процентната стапка за пазарното учество се однесува на целиот пазар на електрични автомобили, кадешто официјално се вклучуваат и плаг-ин хибридните автомобили)
|
Поз. |
Марка |
Модел |
Примероци |
Пазарно учество |
Примероци ‘16 |
|
1 |
Renault |
Zoe |
18973 |
12,8% |
12881 |
|
2 |
Nissan |
Leaf |
12195 |
8,2% |
11918 |
|
3 |
BMW |
i3 |
8149 |
5,5% |
2981 |
|
4 |
Tesla |
Model S |
7272 |
4,9% |
7351 |
|
5 |
Tesla |
Model X |
6027 |
4,1% |
108 |
|
6 |
Volkswagen |
e-Golf |
4141 |
2,8% |
4405 |
|
7 |
Hyundai |
Ioniq Electric |
3088 |
2,1% |
10 |
|
8 |
Kia |
Soul EV |
2720 |
1,8% |
2179 |
|
9 |
Mercedes |
B250e |
2028 |
1,4% |
1810 |
|
10 |
Volkswagen |
e-Up! |
1544 |
1,0% |
1492 |
|
Други |
/ |
/ |
4681 |
3,2% |
4318 |
















