за

Шефот на БМВ вели дека заканата од Кина е преценета

Една третина од продажбата на БМВ се постигнува во Кина, тоа е најголемиот пазар на германската марка во светот.

Кинеските производители, меѓу кои БИД, целат кон Европа со низа електрични модели со конкурентна цена. На сликата се БИД Сил и Долфин

Извршниот директор на БМВ, Оливер Ципсе, се противи на намерата да се воведат казнени царини за кинеските електрични автомобили што се увезуваат во Европа. Тој вели дека заканата по европската автомобилска индустрија е „преценета“.

Ципсе е следниот шеф на автомобилски концерн што предупредува да не се воведуваат повисоки трговски пречки. Пред него, со истиот став настапија неговите соперници од Мерцедес-Бенц и Фолксваген.

„Европската автомобилска индустрија, кога станува збор за групацијата БМВ, не е погодена силно од увозот на кинески автомобили, ниту пак има интерес за ЕУ да воведе дополнителни царински давачки за тие производи,“ изјави Ципсе пред новинарите, за време на годишната конференција за медиуми во четвртокот.

Ципсе опиша дека е „претеран“ стравот оти Кина би можела сериозно да влијае врз продажбата на автомобили во Европа. „Никој не може туку така да дојде на пазар што е голем колку Европа и така лесно да го преземе,“ порача менаџерот.

Веројатноста за Европската Унија да воведе царина во висина од 10 проценти за кинеските електрични автомобили се зголеми значително, откако Европската Комисија во почетокот на март објави дека во текот на истрагата има пронајдено докази, оти Кина им помагала со разни субвенции на производителите на електрични автомобили во земјата, што е прекшување на правилата за чесна трговија.

Кинеските производители, како БИД и МГ, марка на Саиц, целат кон Европа со низа електрични модели со конкурентни цени, што врши голем притисок посебно врз големоволуменските производители во Унијата.

Германските производители за посебно загрижени дека какво било зголемување на царините во ЕУ би водело кон тоа и Кина да одговори со соодветни мерки, во форма на зголемување на царинските давачки. Се стравува и дека кинеските купувачи може да почнат да изразуваат негативен став кон европските производи.

БМВ лани продаде 32 проценти од својата глобална продажба во Кина, со 824.832 продадени возила. Кина е најголем пазар за БМВ.

Извршниот директор на Мерцедес, Ола Келениус, отиде чекор подалеку и кажа дека царините за кинеските електрични автомобили треба да се спуштат. „Не ги покачувајте царините. Јас сум противник на тоа и ценам дека треба да се постапи спротивно: земете ги царините што ги имаме и смалете ги“, изјави тој за Фајненшел Тајмс во март.

Во меѓувреме и извршниот директор на концернот Фолксваген кажа дека е загрижен околу намерата да се премине на протекционизам, како во Европа, така и во САД.

„Се бориме за слободна и чесна трговија ширум светот и преговараме и со нашата влада,“ изјави Блуме пред инвеститорите при неодамнешното објавување на деловните резултати за минатата година.

Заканата за кинескиот увоз на евтини електрични автомобили секако ќе има поголеми последици врз големоволуменските марки. Извршниот директор на Рено, Лука де Мео, неодамна пишуваше за „напад“ на кинеските електрични возила во Европа, во отворено писмо до ЕУ.

Де Мео кажа дека модел од компакт класа, што е произведен во Кина, повтин е за производство меѓу 6.000 и 7.000 евра, од споредлив модел од европско производство. Тоа е отколку една четвртина од крајната цена,

Шефот на Рено се повика и на студија од Универзитетот за политехника, за огромните субвенции што Кина им ги исплаќала на домашните производители, а исто посочи и на поевтината енергија и работна сила во Кина, во споредба со Европа.

Тој сепак наведе дека Европа треба да ги „менаџира“ односите со Кина. „Целосното затворање на вратата за нив ќе биде најлошиот можен одговор,“ кажа Де Мео.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот Ситроен со субвенциите во Австрија чини 19.500 евра

Поранешни дизајнери на Мерцедес и БМВ ќе ги цртаат новите модели на Киа