за

Електричниот Ситроен со субвенциите во Австрија чини 19.500 евра

Место редовни 24.900 евра, хит моделот на Ситроен и голем раздвижувач на пазарот, во Австрија чини далеку под дваесет илјади евра.

Ситроен е-Ц3

Французите засега не го поврзуваат електричниот е-Ц3 со легендата 2ЦВ, меѓутоа е сосем извесно дека Ситроен со него имаат уште еден модел што зафаќа најширок круг купувачи. Во Австрија не треба многу двоумење. Ситроен на струја доаѓа по иста цена со Ситроен на бензин.

Тоа е прв електричен автомобил од европска марка и од овдешно производство, што нуди пристојна искористливост како автомобилски избор за подолго време. Ситроен е-Ц3, електричната изведба од новата генерација на тројката на Ситроен, требаше да пишува наслови дури в година, за кога што е најавена изведбата со помала батерија и цена под 19.900 евра.

Австријците, доволно паметни и способни да си ја задржат субвенцијата за автомобили што ги ослободуваат од увоз на нафта, можат новиот Ситроен уште сега да го возат за 19.500 евра. Тоа е за повеќе од 5.000 евра под редовната цена. До неа се доаѓа со 2.400 евра бонус за електрични автомобили, плус 3.000 евра државна субвенција за автомобили со погон на батерија.

Тоа е австриската цена за автомобил што минува до 324 километри на струја, што е моќен 83 киловати, односно 113 КС, и уште е и пристојно опремен. Напредната ситроенова амортизација е стандард, во автомобилот што се произведува недалеку од Австрија, во словачка Трнава.

Од опрема доаѓаат електрика на ретровизори и на прозорци, автоматски светла, паркинг сензори назад, диодни светла, темпомат, клима, поврзување со телефон, систем за задржување во лента, камера за знаци, па на тоа уште греење и ладење со тајмер и вграден полнач од 7,4 киловати. Единствено може да недостигаат тркала од лесен метал.

Секако постојат и поопремени изведби и многу можности за доплата на ставки, меѓутоа и основата е солидна.

На македонскиот пазар, прво пристига бензинската изведба на новиот Ц3, веројатно наесен, иако увозникот Автонова треба допрво да го објави тоа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шефот на Мерцедес заработува повеќе од своите главни соперници

Шефот на БМВ вели дека заканата од Кина е преценета