за

Добавувач на авто делови ќе произведува електричен минибус

електричен минибус zf e.go

Добавувачкиот гигант ZF од следната година ќе произведува автономен минибус со погон на струја. Партнер е една мала компанија, којашто исто така го подготвува својот електричен автомобил за старт

Компанијата ZF, еден од водечките добавувачи на компоненти за производителите на автомобили, во следната година ќе започне со сериско производство на електричен минибус со автономно возење. Партнер е германската стартап-компанија e.Go, познато име на сцената на електромобилноста. Тие исто така го најавија почетокот на продажбата на својот електричен градски автомобил e.Go Mobile за в година.

Сериската верзија на заедничкиот минибус на ZF и e.Go ќе има премиера на претстојниот салон на товарни возила во Хановер. Двете компании лани ја најавија соработката во новиот концепт на мобилност, прикажувајќи го и прототипот од возилото што наскоро ќе почне да излегува од производствената лента во германскиот град Ахен.

e_go_mover_2

Минибусот долг само 4,7 метри нуди место за 15 патници и замислен е како дополнување на постоечкиот градски превоз. Возилата се повикуваат преку мобилна апликација, којашто ги анализира моментната позиција, зафатеноста и насоката на возилата, и на лицето што бара превоз му соопштува кога ќе пристигне минибус на неговата локација. Не постојат класични постојки, патниците се оставаат најблиску до саканото одредиште.

Добавувачите ќе профитираат најмногу од трендот на роботските автомобили

ZF очекува дека на светскиот пазар ќе се продадат еден милион роботски минибуси до 2025 година. Тие го испорачуваат електричниот погон, управувањето и сопирачките, сензорите и техниката за автономно возење. Сите овие компоненти се координираат од централен компјутер ZF ProAl со вештачка интелигенција.

e_go_mover_1

Меѓу можностите за примена на возилата што управуваат сами се спомнува и доставата на пратки. Поштарот не мора да го управува возилото и не мора да бара паркинг, затоа што возилото буквално го следи неговото движење. Покрај тоа, електричното возило не произведува штетни материи и бучава.

Автономното возење прво ќе ги освојува фабричките хали и дистибутерските центри, пристаништата и земјоделието. Нови можности се отвораат и во превозот на патници, кадешто се смалуваат оперативните трошоци, а во исто време се подобрува безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat Panda a Pandino

Во Пандино се собраа 365 сопственици на Fiat Panda

bmw 3..0 csl

Баварците пристигаат со BMW 3.0 CSL и BMW M1 на парадата на легендите